Газдата од „Тетекс Јарн Лимитед” им должи плати на работниците и врши нелегална ликвидација

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Уште пред неколку дена добивме дојава за ,,Тетекс Јарн Лимитед” од Тетово според која раководството од неодамна над 160 вработени има пуштено дома и на истите им должи плати за февруари и март! Работниците тврдат дека газдата истовремено врши и нелегална ликвидација на фирмата со продавање на машините, иако нема претходно прогласено стечајна постапка.

Имено добивме информации дека дел од машините веќе се продадени за старо железо, а дел се префрлени во една од халите и ги чека истата судбина. Работниците тврдат дека под притисок и закани на 17 март биле приморани да потпишат нови договори со траење од 9 до 31 март, иако старите потпишани меѓу 1-10 март им биле со траење од 3 месеци! И покрај тоа што новите договори се со траење до 31 март, платите за февруари и март не се исплатени

Од извори од фабриката дознаваме и дека неодамна дел од вработените биле во кругот на фабриката да си ги бараат заостанатите плати и биле набркани од газдата под закана дека ќе викне полиција! Потоа за да ја смири ситуцијата, ветено им е дека по продажбата на машините ќе има пари за да им ги исплати заостанатите плати. Укажуваме дека бидејќи нема прогласено стечајна состојба, сите пари добиени од продажбата на машините може да завршат во негов џеб, без никаква обврска за исплата на вработените!

Сите индикации се дека фабриката се затвара за стално, што значи и после кризата над 160 семејства во Тетовско остануваат без основни приходи. И сето ова се случува пред носот на власта сред вонредна состојба! Нашиот правен сектор веќе го пријави случајот до надлежниот Инспекторат за труд и Левица како партија со сите сили активно ќе врши притисок се додека правдината за работниците од ,,Тетекс Јарн Лимитед” не излезе на виделина!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ