СДСМ го штити газдата на прилепска конфекција кој работи спротивно на препораките!

92844883_2973621659530862_7354774505308291072_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Изминативе денови, пристигнаа нови реакции од загрижени текстилни работници, кои сведочат за кршење на нивните елементарни права и свесно загрозување на нивните животи и животите на нивните најблиски. Имено, станува збор за текстилната фабрика „Комфи Ангел“, каде за раководството се чини дека мерките и препораките за превенција од ширење на болеста Ковид-19, скоро и да не постојат. Фабриката работи непрекинато во три смени, а на вработените им се поделени и дозволи со кои смеат да се движат за време на полициски час.

Вработени во фирмата уште пред две недели пријавија дека нивен колега со висока телесна температура бил држен на работното место, спротивно од препораките на епидемиолозите. Иако настанот бил пријавен до надлежните институции и на терен излегол инспектор, истиот инспектор бил директно однесен во канцеларијата на директорот, каде бил почастен со храна и пијалак и пакет производи. Во меѓувреме, низ халите експресно биле поделени заштитни маски и ракавици меѓу вработените за да се прикаже поинаква фактичка состојба. Впрочем, пред прогласување на тековната пандемија, имаме информации дека администрацијата на фабриката добивала чести посети и од високото раководство на СДСМ.

Дополнително, од анонимни изјави дознаваме дека истиот  директор, кој е и сопственик на компанијата за преработка на текстилен отпад „Ревестија“(фирма-ќерка на „Комфи Ангел“), бил во близок контакт со заболени од Ковид-19. За него очигледно не важи мерката карантин со оглед на тоа дека слободно се шета низ погоните, додека пак вработен во администрацијата, кој на ист начин бил во контакт со истите заразени, е во самоизолација.

Јавно прашуваме дали Ирена Јакимоска, претседател на Управниот одбор и на Регионалната канцеларија на Стопанската комора за Прилеп и ко-сопственик на најголемата прилепска текстилна фабрика „Комфи Ангел“, во трката по профит, а од позиција на моќ, ги држи во заложништво и го загрозува животот и здравјето на речиси 1000 вработени и нивните семејства?  

Дополнително, иако во јавноста секојдневно се обелоденуваат нови случаи за кршење на работничките права во услови на вонредна состојба, на последната прес-конференција беше истакнато дека од 422 контроли на Државниот инспекторат за труд, било издадено само ЕДНО решение? Очигледна е корумпираноста во функционирањето на инспекциските служби кои, штитејќи ги крупните бизниси, директно го загрозуваат животот на работникот во услови на светска пандемија. 


Реакција на ЛО Левица – Прилеп.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ