Дрекселмајер не им исплаќа дневници на работниците

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

До нас стигна дојава од повеќе работници во странската инвестиција Дрекселмајер дека не им платена по една викенд-дневница од минатиот месец, на име „рецесија“.

Тргнувајќи од фактот дека работниците не се сопственици на фабриката, тие немаат обврска да учествуваат во евентуалните загуби на фирмата, па оттука останува нејасно по кој основ им е намалена платата? Ако на 5.000 вработени им скратите по 1.000 денари од плата, тоа е противзаконски стекнат екстра-профит од околу 82.000 ЕУР за само еден месец!?

Исто така, повеќе работници од Велес се пожалија дека им било кажано веќе да не доаѓаат на работа во блиска иднина, затоа што во општина Велес имало повеќе заразени отколку во Кавадарци.

Левица јавно го повикува Државниот трудов инспекторат да ја провери вистинитоста на оваа анонимна пријава и да постапи согласно законските овластувања, а за исходот од постапката благовремено да ја извести јавноста.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ