ЛО Битола постави Закачалка на добрината

93659796_133549008235466_781346828514754560_o-1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес пред нашата канцеларија поставивме ‘Закачалка на добрината’, лоцирана во центарот на градот, на раскрсницата спроти хотел и ресторант Премиер центар на семафори. Сите кои сте заинтересирани можите да донирате храна (особено конзервирана и добро спакована), конзерви, леб, брашно, тестенини, како и хигиенски продукти за најранливите во оваа ситуација пред Велигден.

Голем дел од нашите сограѓани живеат на работ на егзистенција и во континуирана кризна состојба, предизвикана од неправичната поставеност на економските односи во системот. Ова претставува мала симболична акција на солидарност, додека стремежот мора да биде системска промена во правично општество каде секоја индивидуа ќе живее достоинствено.

93659796 133549008235466 781346828514754560 o

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ