Работници незаштитени шијат заштитна опрема за странски пазар!

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Продолжуваат притисоците и уцените во најголемата текстилна фабрика во Прилеп

Иако пред некој ден беше дијагностициран случај со Ковид-19, менаџментот на „Комфи Ангел” не презема речиси никакви мерки за заштита на вработените и нивните семејства. Под параванот за производство на заштитни маски и скафандери, наводно наменети за македонскиот пазар и здравствен систем, се кријат милионски зделки со странски бизнис партнери?

Според сведочењата на сегашни вработени, секојдневно во три смени се шијат приближно 60.000 маски и помал број на скафандери, а експресно од владата била добиена и дозвола за целото производство да биде наменето за извоз! На вработените им биле поделени само по една заштитна маска за која им било кажано истата да ја перат дома.

Пред само една недела во Прилеп беше актуелна друга текстилна фабрика, каде што после дијагностицирањето на корона-вирус кај еден од нивните вработени, конфекцијата целосно го прекина производството, а вработените ги испрати во домашен карантин.

Го прашуваме јавно Министерството за Здравство какви се овие двојни аршини и пристапи во справувањето со пандемијата? Дали профитите на неколку бизнисмени од градот кои се во тесна врска со одредени функционери се поважни од здравјето на граѓаните?


Реакција на Локален Огранок Левица – Прилеп.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ