Земјоделството иако е од суштинска важност, препуштено е на зелената мафија и продолжува да тоне

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Производството на храна во една национална економија е стратешко прашање, а пак во вакви времиња на глобална криза нејзиното производство е многу повеќе од тоа – во овие услови храната добива суштинско значење.

Но, и покрај тоа што земјоделството има клучно значење и истото е со огромен потенцијал за развитокот на државата, земјоделците не само што се заборавени од страна на државата; оставени на милост и немилост на пазарот, туку, уште и сите овие години, во периодот на т.н транзиција, земјоделството систематски и континуирано беше уништувано. Трошоците на земјоделците за обработка на земјата постојано се зголемуваат, но нивните производи, како последица на т.н зелена мафија, се откупуваат по најниска можна цена. Имено, во Македонија постојат неколку компании кои функционираат како класичен олигопол, односно зелена мафија, која со помош на државната бирократија, уценувајќи ги земјоделците и вршејќи откуп директно од нива, успева до максимум да ги спушти откупните цени. Истовремено, нивните големопродажни цени се далеку поголеми од откупните, и така создавајќи огромна маржа го прават неисплатлив трудот на земјоделците кои ја одгледале храната вредно и чесно облагодарувајќи ја земјата.       

Храната мора да заземе место како основно човеково право, и според тоа, земјоделието како основна гранка за обезбедување на храна, не смее да се дозволи да биде водено по логиката на пазарот. Потребно е итно преструктуирање на аграрната индустрија во насока на регионално и планско земјоделство, засновано на повеќегодишна стратегија базирана на научна и екпертска анализа за потенцијали и можностите во развојот на оваа клучна гранка. 

Она што треба итно да се направи е веќе произведените земјоделски производи од страна на раноградинарите, да не се дозволи тие да скапат на складиштата. Истите да се откупат од страна на државата, по цени кои што ќе ги имаат во предвид трошоците и потребите на земјоделците, а пак  земјоделските производи да се поделат на социјално загрозени лица и сите оние кои имаат проблем со набавката на храна во овој период. Во наредниов период кој следува, повикуваме државата безрезервно да ги поддржи земјоделците и да ги поттикне земјоделските активности преку поделба на државното земјоделско земјиште на бесплатно користење во ограничен временски период, како и дополнителна финансиска и експертска помош и разгледување на можноста за активирање на сите форми на земјоделско производство, особено во руралните области, во насока на искористување на секој простор погоден за земјоделска активност. 


Реакција на Земјоделски сектор при Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ