Пријавени фирми за кршење на работничките права

95016344_163638611639792_2282437670833487872_n-1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

За време на 30-дневната вонредна состојба, Правниот тим на Левица секојдневно нудеше помош на работници кои директно побараа помош од нас. Ова се само дел од фирмите против кои беше поднесена пријава, затоа што за останатите пријавени фирми, работниците инсистираа да останат анонимни. Покрај пријавите до Трудовиот Инспекторат и Пазарниот Инспекторат, нашиот тим исто така излезе во пресрет и со правни совети за како работниците правно да се заштитат во услови на здравствена и економска криза. Дополнително, Левица поднесе и Допис до Владата и Министерството за труд и социјална политика за ослободување на родители со деца до 10 годишна возраст, за кој сѐ уште нема никаков одговор.

Она што може да се констатира е дека економската криза експлицитно ја покажа целата ригидност и импотентност на институциите да ги заштитат работниците, со оглед на тоа што и покрај секојдневите скандали со бркања на работници, ниту една фирма сѐ уште не е казнета! Со години правните механизми за заштита на работниците се редуцираат од страна на политичките елити во спрега со олигархијата, чиј директен резултат е легализирање на експлоатацијата – каде работникот претставува потрошен ресурс на пазарот за максимизирање на профитите на моќниците.

Работниците и земјоделците не смеат повеќе да бидат само неми набљудувачи на системската опресија креирана од бизнис-елитите и истите мора да се трансформираат во активни чинители на политички промени на еден неправичен систем во кој сиромаштијата на мнозинството го гради богатството на малцинството!

95016344 163638611639792 2282437670833487872 n 1

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ