Шумската мафија дивее во Прилеп

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Околу 3.500.000 евра е штетата нанесена од дрвокрадците само во еден мал шумски регион во близина на Прилеп за изминатите десет години. Сето ова се случува пред очите на сите надлежни инспекции и шумската полиција, а граѓаните веќе се помирени со фактот дека работата е оставена вон контрола.

‼️ Секојдневно може да се забележат десетици пренатоварени возила и запрежни коли како го користат патот покрај вештачкото езеро, а да биде иронијата уште поголема, поминуваат и пред самиот влез на касарната „Мирче Ацев” каде што стражарите се само неми посматрачи. Забележливо е дека голем дел од дрвокрадците се и малолетни лица кои што возат технички неисправни, нерегистрирани возила со голема брзина во познатото викенд место за прилепчани.

Станува збор за добро координирана и организирана криминална група која е поврзана со шумската полиција и партиите на власт, при што за возврат добиваат дел од пленот. Дополнително, со години кај граѓаните владее мислењето дека “немоќта” на властите према овие престапници е договорена со голем број на гласови на сите досегашни избори.

Бараме:
1. Под итно да се спроведе 24-часовна полициска стража на овој пат кој е единствената врска со градот, а надлежните да ги вклучат сите расположливи средства за безбедно евидентирање на сите инволвирани.
2. Да се откријаат организаторите и да се обелодени целата мрежа на овој криминал према државните и општинските ресурси.
3. Да се спроведе истрага колку од нив биле условувани да гласаат за одредена политичка партија, а за возврат да бидат оставени своеволно да пустошат по шумските богатства.


Реакција на ЛО Левица – Прилеп.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ