Жените мора да се борат за похуман систем и да застанат против оној кој го овековечува експлоатирањето и нееднаквоста!

logo-top

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во прилог ви го претставуваме извештајот на Работничката партија на Турција (Emek Partyisi – EMEP) во однос на положбата на жените и нивната класна борба во рамките на економско-политичкиот систем на Република Турција. 


logo top

Помина цел месец откако се појавија првите случаи на Ковид-19 во нашата земја, и со ова на очиглед на сите се откри степенот на нееднаквоста, дискриминацијата и експлоатацијата врз кој почива режимот.

Сите мерки за помош кои се преземаа одговараа само на потребите на капиталистите и работодавците. Правата за заштита за кои работниците и работничките се бореа со години се узурпирани во мноштвото легислативни мерки и владини уредби и се изгубени меѓу редовите на новите закони. Не само што работничката класа не доби никаков дел од богатството кои самите го креираат, туку и се ограбени од средствата кои ги заработија преку својата работа. Човек-режимот ги игнорира потребите и барањата на работниците, на експлоатираните, на невработените и на жените. Најитното и основно барање кое беше да се затворат фирмите и да се даде платен одмор за сите, освен за есенцијалното производство и услужен сектор, не наиде на слух. На јавноста ѝ беше на сила дадено да избира помеѓу глад или ризик од заразување од вирусот. Дополнително, 4-5 милиони луѓе се придружија на лавината на невработеност последниот месец и правото на живот за милиони мажи, жени и нивните фамилиии беше оставено на немилост на судбината/вирусот.

Нема никакви докази дека воопшто некој има пристап до социјална поддршка, иако владата зачудувачки повеќе пати најави дека ќе ја направи достапна. Баш напротив, можевме да видиме како јавноста беше оставена да тропа по вратите кај локалните власти без никаков одзив за нивните потреби и проблеми и заминуваа со празни раце и во очај. Видеото со Ромката како се жали кога ѝ беше ускратена помошта додека чиновникот ѝ се дере „УМРИ“, ги покажува на најбрутален начин трулите темели на системот во кој живееме, базиран на профитирањето од економски до социјални и политички ресурси, додека јавноста не се гледа како вредна за спасување.

Два милиони жени се невработени

Жените го доживува најлошото од нееднаквоста и сиромаштијата распространети во земјата и истите се најранлива категорија. Работничките како евтина работна сила на несигурни работни места и привремени вработувања најмногу се среќаваат во прехрамбената индустрија, земјоделието и услужниот сектор. Повеќето од еден милион работнички во Турција се вработени без формално вработување, со привремени договори на дело и несигурни услови. Со пандемијата тие се соочени со комплетно губење на работното место. Јасно е дека се повеќе работнички ќе се придружат на армијата од 2 милони невработени жени и заедно со работничките кои се приморани да земат неплатени одмори, ќе бидат приморани да седат дома и да бидат соочени со сиромаштија, глад и без заштита од домашно насилство. Жените пак кои останаа да работат се соочени со нездрави и лоши услови на работа и со константен ризик да ја изгубат работата. Има зголемување на насилно, угнетувачко и сексистичко однесување кон жените на работните места. Жените работнички покрај своите редовни работни обврски од претпоставените, исто така се принудуваат да се грижат и за хигиената на работното место. Стравот да не бидат отпуштени води кон зголемени сексуални напади и деградирачки однос за жените на работните места. Стравот да не бидат следни на ред за отказ и стравот од повторна економска зависност на жената од своите родители или сопрузи ја зголемува анксиозноста на жената. 

Животите на жените здравствени работнички се на ризик

Жените, кои сочинуваат 70% од здравствените работници, се најмногу погодени од пандемијата поради зголемениот обем на нивните работни обврски и поради зголемување на ризиците на нивните работни места како резултат на вирусот. Здравствените работници се` уште не се тестираат и прегледуваат редовно од вирусот. Жените кои работат во здравствениот сектор се под голем стрес поради зголемениот обем на нивната работа во болниците, поради ризикот од заболување од вирусот и носење на заразата дома, поради недостиг на превентивни мерки кои се преземаат. Ризикот за нивниот живот е значаен. Слично на ова, хигиеничарките и работниците во кантините на болниците исто така се соочени со овие ризици поради недостиг на превентивни мерки за заштита и се соочени со дискриминација на работа – како што една работничка кажа – „се однесуваат кон нас како ние самите да сме вирусот.”

Потребни се итни превентивни мерки за заштита на жените кои работат земјоделие

Од мај бројот на сезонски работнички во земјоделската индустрија во Турција ќе се зголеми. Без клучна финансиска и друга поддршка, пандемијата може да биде катастрофална во местата каде нема основни услови како чиста вода и чисто сместување без соодветни објекти, каде ниту основните мерки за заштита не се почитуваат.

Насилството врз жените се зголемува

Загрижувачки е фактот дека во претходниот месец насилството врз жените се зголеми и доколку не се преземат соодветни превентвни мерки истото дополнително ќе се зголемува. 

– Според податоците од извештајот од Федерацијата на женските организации во Турција има зголемување за 80% на физичкото насилство, зголемување од 93% на психичкото насилство, зголемување за 78% на барањата заштита и засолниште, 100% зголемување на забележаните инциденти и зголемување од 96% на случаи со насилство за кои е одбиена правна помош.

– Платформата за стоп на насилството врз жените во својот мартовски извештај извести дека 29 жени се убиени, од кои 21 убиство се случило помеѓу 11ти и 31ви март.

– Според истанбулската полиција, домашното насилство во Истанбул се зголемило за 38,2% само во Март.

– Се забележува дека во овој период на изолација жените кои искусиле домашно насилство се оставени без помош кога побарале заштита од полицијата, а исто така поради неработењето на судовите, жените-жртви на домашното насилство не можеле да поднесат жалби.

Тоа што го гледаме кај заедниците на работничката класа е дека жените се оставени сами на себе во домовите каде нивните животи се загрозени, без помош од државата во ниедно поле. Пандемијата се користи како изговор за одбивањето на помош на жените кои ја бараат. Насилството се зголемува и се крие поради недостатокот на превентивни мерки од државата. Додека насилството се зголемува, наместо државата да превземе превентивни мерки за заштита на жената, Вишиот совет на судии и обинители одлучи да ја стави жената во подредена улога со клаузулата 6284 во законот за превенција на насилство врз жената. И покрај оваа реалност, министерството за семејни односи прогласи пад на насилството врз жената – што е потполно неточно! Жените може да видат дека министерот ги затвори очите пред реалноста и одбра да прикаже лажна реалност погледната низ розеви очила. Жените ја препознаваат оваа дволичност на државата која е на сметка на нивниот живот и се многу лути! 

Државата ги става животите во опасност со необезбедувањето платен одмор

Жените кои се веќе подложни на глад, сиромаштија и маргинализација и кои спаѓаат во најризичниот групи од милионите кои никој не ги вреднува, исто така имаат и зголемен товар во домот. Неплатениот одмор, отпуштањата на работа и узурпацијата на нивните работнички права само ја зголемуваат сиромаштијата и заробеноста на жената и го зголемуваат стравот за нивната иднина. Владата која не успеа да донесе никакви мерки за платен одмор, ниту за било каква ефикасна финансиска поддршка, со забраната на луѓето под 20 години да излезат од дома ги доведе жените кои сами се грижат за своите деца во позиција да бираат дали ќе заработат или ќе си ги чуваат децата. Жените кои се самохрани мајки, кои поминуваат низ развод се соочени со уште поголеми тешкотии поради пандемијата.

Правото на здравствена заштита мора да биде заштитено

Долгогодишните неолиберални политики со кои здравствените услуги беа приватизирани на пазарот доведоа до уништување на превентивното јавно здравство и немање приоритет за превенција и лечење на заразни болести. Како резултат на ова јавноста доживува невидени потешкотии. Како во многу други земји, почетната позиција беше да се одбере патот на „herd immunity“ под изговор дека здравствениот систем нема доволно капацитет и тоа пред целосно да се разбере ситуацијата. Како резултат на закаснетите мерки, неискреноста на властите стана очигледна со повиците кон луѓето да седат дома. Згора на тоа жените, без социјална заштита или со мали примања со кои не може да се обезбеди квалитетна здравствена заштита се соочени со големи потешкотии во пристапот кон здравствената заштита. Жените кои се предмет на насилство се во неможност да пристапат дури ни до најосновната медицинска помош при повреди, поради ризикот од заразување во болниците и поради тоа што болниците ги приоретизираат потребите за борба со пандемијата. Женското здравје исто така е ставено во ризик поради застоите во: семејното планирање, мониторирањето на бременоста, здравјето на мајката и децата, хронични болести, здравјето поврзано со менопауза, а особено правото на абортус кое веќе е строго ограничено, а ова пшраво е и дополнително заострено.

Жените мигрантки се соочени со глад и смрт

Жените бегалки се најранливи и со пандемијата станаа практично невидливи и осудени на сиромаштија, насилство и се лишени од своите права. Во камповите, шаторите и бараките тие се трудат да преживеат во тешки и нехигиенски услови. Често тие немаат пристап до чиста вода и средства за хигиена и поради раширеното чувство на страв да не бидат жртвени јагниња се принудени да живеат во најлошите услови.

Мигрантите и бегалците не добиваат никаква помош од локалните авторитети. Ниту пак социјалните организации и солидарни фондови, па дури ни градските и општински власти не ги снабдуваат со потребната помош. Жените мигрантки не се во можност да ги користат поддршките од организациите за борба против насилство на жената, вклучително и од SONIM (центарот за превенција и мониторирање на насилството).

Опасноста од дискриминаторска и селективно спроведувана регулатива за жената е во пораст.

Дискриминаторската  и нееднаква затворска политика претставува зголемен ризик за жените

Видовме како државата го користи сиот апарат што ѝ е на располагање против народот. Исто така, видовме како неуспешно се изменаџира дводневниот карантин кој беше отворено прекршуван дури и од фабриките кои не произведуваат есенцијални добра, каде работниците беа принудени да одат на работа и покрај уредбата за карантин од државата. Владата која во изминатите години ја затвараше опозицијата од сите групациии и професии, продолжува да држи новинари, политичари, борци за правда и демократски опозиционери во затвор и замижува на потребите за здравствена заштита на затворениците или децата кои растат зад решетки. Наместо тоа, владата претстави целосна дискриминаторска и нееднаква затворска политика која ослободи криминалци осудени за сексиуално насилство и насилен криминал без никаква проверка. Оваа политика го поткопува правото на живот, ги остава жените и децата целосно незаштитени од оние кои сакаат да им наштетат и е практично отворена покана за повеќе убиства, насилства и злоупотреби.  

Борба, солидарност и организација!

Пандемијата на Ковид-19 повторно покажа дека луѓето во Турција имаат потреба од власт која ќе им дозволи хуман живот, а не продолжување на сегашната нееднаква и варварска експлоатација.

Само работниците кои се креатори на сиот живот можат да создадат општество во кое луѓето ќе можат хумано да живеат и работат. Ова е целта на постоењето на Работничката партија. Работничката партија ги повикува сите работници, сите мажи, жени и млади да се обединат. Приклучете се на борбата, застанете за солидарноста и организирајте се.

Се разбира, нови начини и форми на солидарност и огранизација се изнаоѓаат во контекст на пандемијата со кои социјалната дистанца ќе биде запазена. Ние знаеме дека жената може да застане исправена и да преживее со отпор каде и да е, дали на работното место или во другите аспекти на нејзиниот живот. Ние се обединуваме за да расте солидарноста и да воспоставиме групи на отпор каде што живееме и работиме.

Турската човек-власт за време на пандемијата донесе политики кои беа од корист само на сопствениците на капиталот и сите донесени политики беа на штета на интересите на работничката класа и на мнозинството. Во спротивност на овие политики, ги повторуваме фундаменталните барања на работничката класа:

  • Зачувување на најосновното производство и услуги, целото останато производство и услуги треба да престане со работа веднаш и на сите работници (без оглед дали биле вработени на определено или неопределено) да им биде даден платен одмор;
  • Сите кои се без приход треба да им биде обезбедена ефективна, широко распространета и еднакво дистрибуирана финансиска помош;
  • Трошоците за електрична енергија, гас и вода треба да ги плати државата;
  • Започнувајќи со здравствените работници, треба да се воспостават ефективни, редовни и задоволителни превентивни и заштитни мерки за здравствените работници во клучните сектори кои треба да продолжат да работат, вклучително мерките да одговорат на посебните потреби на жените;
  • Исто така, ќе продолжиме да се бориме да биде објавен Итен план за превенција во врска со насилството врз жените, владата да се заложи да ги заштити сите законски права и да стави крај на плановите за узурпирање на правата на жените и да се искористат сите расположиви средства за да се обезбеди заштита на жените од насилство.

РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА НА ТУРЦИЈА (ЕМЕП)
13.04.2020

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ