Да се избориме за политичка власт на трудот!

95662743_618794792049770_4854624929355661312_n-1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес е 1 Мај, Денот на трудот, НАШ ден! Ден кој не е празник! Знаете од своите празни џебови, од празната трпеза, од погледот во празнината на неправедното општество кое е креирано како машина за задоволување на вечната глад на капиталистите, сопствениците на нашите животи.

Денес е ден – симбол на непомирливата борба против таа машина која ги цеди оние кои вредно работат, за да малкумина без труд до бессмисла раскошно живеат; машина која го гуши работниот народ и му ја уништува смислата на животот! Светот веќе долго се бори со таа ѕверска машинерија! Работниците, свесни дека силата е во заедништвото, дејствуваат обединети во синдикати и работнички политички партии.

Синдикатите кај нас речиси и да не постојат! Постоечките, жолтите синдикати се изникнати на буништата од здруженијата кои делеа половинки парчиња месо, додека се одвиваше грабеж на општествениот имот во периодот познат како „транзиција“! Раководството на повеќето од нашите синдикати е бирократска збирштина на бандити, која целосно е отуѓена од секојдневието на работниците. Токму ваквите синдикати работниците ги оставиja сами да се пробиваат низ правните лавиринти на бандит – буржуазијата по низата изнудени стечаи на бројни (дотогаш рентабилни) фабрики и претпријатија. Во Македонија работникот е оставен пред крвожедниот капиталист како јагне пред острицата на ножот!

Работнички и работници, на трудот црн народ! Време е за борба! Нема друга алтернатива освен организираната политичка моќ на трудот! Затоа, да ги збиеме редовите, да ги исправиме главите и да го вратиме достоинството! Наместо за работнички права, заедно да се бориме за власт. За работничка власт. За политичка моќ на трудот! 

„Стани, работнику, и копнежи посеј
низ сите полиња и низ сите гори!”


95662743 618794792049770 4854624929355661312 n 1

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ