Писмо од поранешен работник во „Кромберг и Шуберт”

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

До нас пристигна ова писмо со потресно сведоштво од поранешен вработен во странската компанија „Кромберг и Шуберт” од Битола. Писмо кое илустрира како се третирани работниците во Македонија во таканаречените ,,странски инвестиции”, кои додека домашните капацитети вештачки се уништуваат и распродаваат, ни се преставени како единствен економски избор. Писмото ви го пренесуваме во целост.


Oдлучив да го напишам ова писмо бидејќи сум тотално револтиран и разочаран од овој систем и оваа држава. Јас сум сега веќе поранешен вработен на компанијата Кромберг и Шуберт Битола, претпоставувам дека знаете кон што ќе оди овој текст. Работев во компанијата 19 месеци, имам 25 години и сум дипломиран (не би сакал да спомнувам што имам завршено, со цел да се избегнат коментарите од типот “шо барал да оди Кромберг кога има таква струка”). Во истата компанија ми беше одреден сектор во кој што работев, во истиот тој сектор како и секоја нормална светска компанија постојат надредени.

Епа драги мои, моите надредени т.е “шефицата” беше со степен на образование завршена средна стручна спрема по земјоделски науки и истата таа шефица на нас вршеше буквална тортура („бегајте луѓе Маја врви”). Ќе напоменам само еден пример од многутте, се случи еднаш да имам потреба да одам во ВЦ, Во меѓувреме, машината на која што работев јас застанала, додека јас бев во ВЦ (тоа се нецели 2-3 минути, бидејќи ВЦ-то ми беше на 20 метра). За н цели 2мин од кога се вратив на машината, дотичната се створи кај мене на машина и почна одма да зборува со повишен глас, и да дава закани дека доколку нареден пат истото ми се случи јас ќе бидам казнет од 15-20% на плата (процентите ги одредуваат спрема расположение, доколку се расположени денес може и 10% да биди казната, но во најчест случај 15% па и 20% ).

Додека сме сѐ уште кај надредените, нема да навлегувам длабоко, но би сакал да напоменам дека менаџерот што раководи на целиот проект е до толку искомплексиран. што често дофрлаше недолични коментари кон работничките, без разлика дали се помлади или повозрасни.

Да продолжам, покрај сето ова јас работев на такво место каде што вратата од влезниот магацин ( знаете оние големи врати во кои собира цели скании ) беше цело време отвори-затвори систем, без никаква заштита од промаја. Замислете, трета смена во Јануари во 4 саат сабајле која промаја е тоа, а ние внатре со куси ракави и со забрана да носиме било што друго бидејќи ќе сме се разликувале од останатиот дел…. Па ајде, по одредено време расправии ни дозволија да ставаме тренерка, под услов патентот да биде отворен. Господи помогни.

Неколку пати буквално бев доведен до степен да се онесвестам на работа од омалаксаност од промајата, но нормално во тие моменти надреден нигде ни за жив да помини да види како работиме, надредените идат во перфектни (за нив) услови, со цел да пишат казна. Покрај сите овие мизерии што ги набројав, од кои ова се само мал дел, ако почнам да пишувам за сѐ и сешто нема да ми бидат доволни 50 страници,

Сакам само уште едно нешто да кажам, ние сме работници и нас ни е доделена одредена работа. Покрај таа работа за која сме потпишале дека ќе ја работиме, во мојот случај оператор во секторот за сечење, ние добивавме работи и од други сектори, на пример штекаме куќишта (кој бил знае за што станува збор) па и се случуваше во текот на минатото лето скоро три месеци да работам на две машини константно на 50 степени, надвор со отворени врати од каде што влегува жештина (верувајте џабе е климата….).

Како едно големо благодарам од страна на компанијата, пред неколку денови ми се јавуваат и ми велат дека договорот ми е завршен и нема да ми се продолжи.

Во време на светска пандемија, во време каде што се изгласува вондредна состојба со полициски час, каде што е забрането давање откази, Кромберг и Шуберт отпушта преку 500 луѓе без било какво објаснување, онака…. Ладно. Јас сакам само едно да кажам покрај сето ова, јас му благодарам на Кромберг и Шуберт, затоа што ми ги отвори очите и ми покажа дека во оваа држава нема правда, нема надеж и најглавно од сѐ, нема иднина.

Благодарам и нека ни е Господ на помош во нашите патешествија во Германија, Австрија, Америка и каде и да се најдиме.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ