Без неприкосновеното право на самоопределување добрососедство не може да постои!

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Со вчерашната декларација од Загреб, каде се презентираше втората Лисабонска декларација, лидерите на ЕУ експлицитно и со потценување на македонскиот народ, го легитимизираа шовинизмот кој со децении го практикуваат бугарските власти спрема Македонија! 

После неуспешниот референдум, кој претставува највисока форма на демократија, народот испрати јасна порака до домашните и странските елити дека нема да прифати влез во ЕУ и НАТО по секоја цена. Самиот чин на противуставно и криминално менување на уставното име, експлицитно демонстрира дека со Македонија владее ДИКТАТУРА, затоа што само народот и неговата волја е единствен суверен од кој власта може да црпи легитимитет. Поздравувањето на промената на името од страна на западните наднационални организации, и покрај начинот на кој беше извршен од страна на една рекетарска владејачка клика, укажува на лицемерието кое владее во ЕУ. За каква рамноправност во Унијата зборуваат владините апологети кога неприкосновеното право на самоопределување на една нација, создадена врз историската победа над фашизмот, континуирано се негира и оспорува? 

Впрочем, токму најголеми домашни поддржувачи на шовинизмот на соседните држави се истите политички криминалци, кои наместо да се во затвор со конфискуван имот откако ѝ приредија економска катастрофа на Македонија, сега активно работат на националното понижување на македонскиот народ. Ваквите поданички и камшикарски политики се одраз на тридецениско владеење на криминални и опортунистички елити, кои немајќи никаква економска визија за државата, како најголем стратешки интерес на државата го презентираа  влезот во ЕУ и НАТО, во обид да ја прикријат својата неспособност, лукративност и корумпираност. Истите криминални политички елити, кои во 90-тите го распродадоа солидарно градениот имот, сега повторно – во соработка со истиот тој странски фактор кој единствено го гледа својот интерес за пенетрација на својот капитал и експлоатација на природните богатства – ветувајќи розева иднина, на тацна ја предаваат државата во целост..

Нашето последно движење кон преговори за членство во ЕУ нѐ доведе до други преговори –  “за решавање на историскиoт спор со Бугарија” по препорака на лидерите на ЕУ. Како што и впрочем покажа Преспанскиот Договор, преговори се невозможни кога моќта меѓу преговарачите е асиметрична, односно претставуваат само еуфемизам за наметнато решение од посилната врз послабата страна. Најитно е потребно излегување од стапицата на преговорите, бидеќи основен предуслов за преговарање е взаемна почит и признавање на двете страни, а тоа очигледно го немаме.  Потребно е да се констатира дека е затворен просторот во кој воопшто е возможно дискутирање на т.н Македонското прашање, кое всушност стана одговор во 1944 година. Секое прифаќање на “преговори” значи отворање на затворени фронтови на неповолен терен.

Под површината на навидум бурните политички превирања и конфликти од изминативе 30 години, всушност се крие мирно море на конзензус помеѓу сите политички елити. Заедничко за сите нив е што таканаречените “стратешки цели” на членство во ЕУ и НАТО ги претворија во државна телеологија, а политичките елити во негови свештеници. Тие не практикуваа политика на уредување на општеството, туку организирана религија во која на свештенството му беше дозволено крадење и пустошење на целата заедничка историја и богатство на народот и државата, само под еден услов – да продолжат да ja шират религијата.

После сите национални и економски кризи, евидентна е потребата од поставување на јасни темели на ново економско-политичко уредување. Темелите на тоа уредување треба да лежат во политичка одговорност и отчетност, НО не пред надворешни организации, туку пред сопствениот народ и институции. Основна стратешка цел на таа политика е јавниот наспроти приватниот интерес, односно создавање на услови за развој на државата и народот. За политиката која е поставена на вакви темели главниот тест единствено ќе биде резултатот постигнат пред сопствениот народ


Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ