ПО ПОВОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ


На денешен ден капитулира нацистичка Германија. Со тоа се означува крајот на Втората светска војна, војна во која својот живот го изгубија над 70 милиони жители.

Фашизмот е фронтален и директен напад против работниците и работничките движења од сиот свет. Во XX век, големопоседниците живеат во страв поттикнат од меѓусебните конфликти како производ на многубројните социо-економски контрадикции, создавањето на првата работничка држава – СССР и замавот на силни работнички партии кои стремат да ја освојат власта. Сопствениците на капиталот соочени со растот на политичката моќ на работниците, својот спас и опстојувањето на општествениот поредок кој им дозволил да се богатат од работничката пот повеќе не го гледаат во умерените партии, па прибегнуваат кон фашистички методи и практики за да го задржат статус квото.  

Но, фашизмот не е феномен својствен само за Втората светска војна, тој не е анахрона појава – модифицирајќи се низ историјата тој држи чекор со времето. Денешниот фашизам е крипто-фашизам, сокриен во економските односи и политичката култура наметнат од тие односи. Денеска, фашизмот е најочигледен во меѓународните односи на империјалистичкиот поредок каде нациите од центарот на капитализмот вршатагресии врз нациите од периферијата. Токму нашата држава, Република Македонија, од една страна соочена со империјалистичка агресија на воениот пакт НАТО, од друга страна притесната од шовинистичките претензии на соседитете држави поддржани и поттикнати токму од Европската Унија, е една од неговите најголеми жртви на денешницава. Денес, токму како во времето на НОБ, се соочуваме со борбата против фашизмот.

Темелите на македонската државност се резултат на борбата на нашиот народ против крвавиот фашизам. Тоа е резултат на херојската народноослободителна борба против фашистичките окупатори, меѓу кои беше и токму бугарската држава. 

Фашизмот е реакција на општеството кое што изумира и е подготвено да прогресира напред, да заземе нов облик и ново уредување. Фашизмот е најсуровиот обид да се спречи одумирањето на капитализмот, да се спречи триумфот на работникот врз својот газда, на угнетениот врз угнетувачот, на слугата врз господарот. Фашизмот е избезумениот крик на владеачката класа, која ја губи контролата врз своите поданици. Фашизмот е плачот на капитализмот, кој се гуши во рацете на работничката револуција.


Нека ни е среќен 9 мај – Денот на победата над фашизмот!