Поднесени четири кривични пријави против сопственици на фирми


Вчера, правниот сектор на Левица, професионално помогнат од адвокатски тим по трудово право, поднесе четири КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ против работодавачи – првенствено газди на текстилни фабрики – поради сторени серија кривични дела против работните односи (непријавување работници, одјавување работници без нивно знаење, враќање пари на рака од К-15, неисплата на отпремнини, потпишување бланко откази и сл.)!

Поточно, станува збор за следниве пријавени кривични дела сторени од сопствениците, директорите или шефовите на вработените: „Повреда на права од работен однос“ (казниво по чл. 166 од Кривичниот законик), „Повреда на право од социјално осигурување (чл. 167 од КЗ), „Повреда на правата за време на привремена невработеност“ (чл. 169 од КЗ) и „Фалсификување исправа“ (чл. 378 од КЗ).