Потребни се крупни државни инвестиции во земјоделството наместо залажување на земјоделците

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Два дена по помпезната прес-конференција на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство-Трајан Димковски за ставање во функција нов систем за заштита од град, проект кој народот го чинеше 60 милиони денари, врнежи од град уништија поголем дел од расадите за тутун и овоштарниците во општина Долнени.

Всушност, ова е вистинското лице на властите и институциите во Република Македонија, позади прес-конференциите и скапата пропагандна машинерија, се крие тотална негрижа за обичниот народ кој живее на маргините, во страв и неизвесност за својата егзистенција. Секоја година земјоделците, иако преку својот макотрпен труд ја облагодаруваат земјата, тие се плашат за откупот на своите производи во безредието на слободниот пазар, под диктат на корумпираните политички елити во спрега со зелената мафија на крупни откупувачи.

Во ситуација кога македонските села се девастирани и сиромаштијата на село е широко распостранета, нужни се коренити промени, вистинска аграрна политика преку крупни државни инвестиции во инфраструктура и опрема, наместо залажување на земјоделците со прес-конференции. Способноста една држава сама да ги задоволува сопствените потреби за храна и енергија е клучна за независноста и сувереноста на секоја држава. Поради тоа потребен е бескомпромисен пристап во развојот на земјоделието во интерес на обичниот земјоделец и жител на Македонија, како за нивните потреби за храна, така и за нивното здравје.


Реакција на Земјоделскиот Сектор при Левица.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ