Додека градоначалникот Богоев води ПР кампања Нерези тоне во ѓубре

99299191_3245075642226647_3369716321217413120_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Додека градоначалникот Богоев води ПР кампања од парите на жителите на општина Карпош, Нерези тоне во ѓубре.

На повеќе локации на ова населено место се забележуваат депонии од градежен и друг комунален отпад. Депониите покрај реката Вардар и на другите повисоки делови од ова населено место постојано се трупаат, Општината никако да ги очисти а уште помалку да испрати инспектори на терен. Дополнително контејнерите кои беа поставени во оваа населба поради непознати причини се тргнати.

Обидите на Богоев да се прикаже како грижлив градоначалник за животната средина не поминуваат, тоа покрај Нережани го знаат и сите останати жители на Општина Карпош кои секојдневно гледаат дека службите на Општината не си ги вршат своите обврски.

ЛО Левица – Карпош бара Богоев и службите на Општината веднаш да постапат кон расчистување на депониите во Нерези и другите населени место во Општината, да постави дополнителни корпи за отпадоци кои речиси и да ги нема, но и да ги интензивира теренските активности како би се спречило појава на нови депонии.


Реакција на ЛО Левица – Карпош.

99299191 3245075642226647 3369716321217413120 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ