Уште еден “бонбона” бизнис на СДС ќе ја зароби иднината на народот

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Додека вниманието на народот е насочено кон безуспешната борба на министерството за здравство со корона вирусот, “експертите” на СДС подготвуваат нов “бонбона” бизнис.

По примерот на приватизацијата на ЕВН, што резултираше со енормно зголемување на цената на електричната енергија и дополнително осиромашување на населението, СДС подготвува приватизација на уште една стратешка дејност – дистрибуцијата на природен гас.

Во време на вонредна состојба Министерството за економија заедно со Министерството за финансии објавија измена на јавниот оглас за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Македонија. Според овој оглас, се предвидува Јавно-приватно партнерство со времетраење од 35 години. 

Тоа значи дека во наредните 35 години населението ќе мора да ги плаќа високите сметки на некој од бизнис соработниците на Заеви, а наместо во државна каса, дел од профитот ќе оди во рацете на овој концесионер. Сето тоа на сметка на Државата и народот.

Левица го осудува овој план за јавно – приватно партнерство во оваа стратешка дејност, кој ќе доведе до дополнително прелевање на профитот од Државата во приватни раце. Нашата Партија е против било каква приватизација на клучните и стратешки дејности и ресурси на Македонија. Тие се, и мора да останат во сопственост на народот.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ