Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се само предизборна манипулација

100495867_2562195367366048_2637166149455839232_o

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Има бројни причини зошто не треба да се верува на оваа Влада. Наводната грижа за животната средина се гледа во успешното штитење на најголемите индустриски загадувачи на воздухот, како и на рудниците на смртта на Еуромакс. Прогласувањето на Шар Планина и Осогово за национални паркови се уште една предизборна манипулација. Тоа најдобро може да се види од студиите за валоризација кои се основа за добивањето на статус за национален парк.

Според планот за Шар Планина како национален парк, се предвидува само 32,2% од територијата да биде зона на строга заштита. Тоа е оној дел од планината кој и во моментов не е под закана. При тоа, во оваа зона не влегува Попова Шапка што значи дека ќе продолжи градежната офанзива која во моментов се одвива. Дополнително, со ова се отвора можноста за комплетирање на продажбата на овој ски-центар.

Според планот, дивата сеча на Шар Планина и натаму ќе продолжи бидејќи делот каде во моментов се одвива дивата сеча е надвор од заштитеното подрачје. Секако, министерот Нуредини и Владата ќе ги наградат сите оние што имаат дозвола за концесија на оваа планина. Така експлоатацијата на природните богатства ќе продолжат и по прогласувањето на Шар Планина за национален парк.

Оттука, иницијативата на Владата за прогласување на овие две планини за национални паркови може да се окарактеризира само како предизборна манипулација на граѓаните.


Реакција на Зелен Сектор при Левица.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ