Дали со државната помош Анѓушев ќе ги исплати 120 работници од „Каст Инвест”?

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Управата за Јавни приходи излезе со став дека даночна ТАЈНА е информацијата за тоа кои се’ компании добиле парична помош од државата за исплата на плати за своите работници, во форма на субвенција во износ од 50 отсто од придонесите за социјално осигурување за месеците април, мај и јуни.

Оваа изјава во најмала рака е дрска и скандалозна, затоа што се работи за народни пари, собрани од даночните обврзници и нивното трошење по секој основ мора да биде ЈАВНО и транспарентно. Ние веќе реагиравме дека Владата на СДС ја искористи кризата за да го спаси профитот на крупните бизнис-субјекти кои се блиски до неа, како и на странски компании кои во кризата оставија илјадници вработени на улица!

Освен тоа што Владата не им помогна на економски најпогодените – како земјоделците, занаетчиите и микро-претпријатијата – дополнително ја крие и информацијата за тоа кои компании добиле државна помош и каков финансиски резултат оствариле истите. Токму владеачката гарнитура на СДС беше жесток критичар на нетранспарентните трошења на претходната власт, кои очигледно продолжија и со новиот режим под НАТО.

Ја повикуваме УЈП да излезе со точни и детални информации кои се’ компании имаат добиено субвенции од власта и во колкави износи, со цел да се заштити јавниот интерес. Дополнително, очекуваме одговор пред јавноста од поранешниот вицепремиер, Кочо Анѓушев, дали со добиените државни пари ќе бидат исплатени заостанатите плати на 120 работници од неговата фирма „Каст Инвест”.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ