„Бомбите“ за Дончев само ја открија најнеспособната власт од АСНОМ до денес

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

Последната видео-снимка и аудио записи во кои главната улога ја има Ден Дончев недвосмислено ја покажува корумпираноста на оваа рекетарска гарнитура, која претставува најнеспособната власт на Република Македонија од АСНОМ до денес. Објавените материјали докажуваат дека целокупното местење на тендери, рекетирање и влијание во судската власт е оркестрирано директно од раководството на СДС, кои освен национални и економски понижувања и пустош, не оставија ништо позади своето владеење.

Ваквите бомби не се никакво изненадување, со оглед на тоа што народот секојдневно живее во проблемите предизвикани од руинираното здравство, узурпираното судство и исцедената економија од власта и моќниците блиски до нив. Всушност, ова е начинот на кој се владее со Македонија од осамостојувањето до денес, каде правниот и економскиот систем нуди заштита само за моќните и имотните, а правдата е достапна само за оние кои можат да платат. Ниту едни „бомби“ немаат значење се додека народот ги живее последиците од ваквиот насилнички начин на владеење, а ваквите случаеви никогаш не добиваат правна разрешница, туку завршуваат со меѓусебни амнестирања и таканаречени помирувања од партиските елити.

Левица нема да го повика обвинителството да започне истрага, бидејќи истото е бедемот кој го штити Заев, СДС и сите нивни криминали. Но, затоа Левица го повикува народот да ја земе правдата во свои раце и на 15 јули да ја донесе најголемата казна за злосторничкото здружение, наречено СДС и конечно оваа криминална клика да заврши на буништето на историјата, каде што заслужува.


Президиум на Левица

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ