На милионерите од Влада лесно им е да се подигруваат со маката на обичните работници

83261451_138447867158423_1654675041712865280_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

levica logo tekst

И покрај ветената демократизација на општеството, Владата предводена од СДСМ секојдневно во пракса го докажува тому спротивното. Повторно добивме приватна порака како дојава за флагрантно кршење на работничките права. 

Имено, станува збор за кафичите „Тренд“ каде од анонимната дојава дознаваме дека работодавачот воопшто не ги почитувал уставно и законски предвидените права. Како што е напишано во дојавата, при потпишување на Договорот за вработување биле принудувани да потпишат изјава за спогодбен раскин на договорот, во спротивно газдата ги уценувал да работат во фирмата, но без да бидат пријавени како вработени („народски – биле принудени да работат на црно“). Исто така, дел од платата им била исплаќана во готово, додека за исплатата на К-15 им било давано да потпишат изјава дека се согласуваат да им биде исплатен половичен износ за истиот, бидејќи наводно фирмата работи со потешкотии. И крајно, работодавачот не им давал никаков примерок од ниту еден документ кој работниците го потпишале со работодавачот.

Секојдневните пријави кои ги добиваме од работници јасно демонстрира дека законите и институциите се узурпирани од шака моќници, кои поврзани со партиските елити, го градат своето богатство врз сиромаштијата на обичните граѓани. Потребен е системски рез за реформирање на институциите, кои не можат да го испорачат истите корумпирани партиски елити кои егзистираат врз неправдата и неправото. Сведоци сме последниот период како работниците се охрабруваат гласно да проговорат за неправдите, поради што веруваме дека на овие историски избори, после три децении, гласот на тивкото мнозинство ќе стане силен крик кој ќе биде директно слушнат од Парламентот! 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ