Кумановските шуми под напад на шумска мафија – државата молчи


Не сме изненадени, но сепак сме крајно загрижени поради вестите дека шумска мафија продолжува да ровари по најубавите шуми низ Македонија, а тоа се случува под будното око на државата и институциите. Кумановските планинари алармираа дека од страна на ЈП „Македонски шуми“ е дадено одобрение за сеча на шумата во еден од најзелени предели во кумановскиот регион, водопадот во селото Длабочица, општина Старо Нагоричане. Ја споделуваме нивната загриженост дека ваквото соголување на шумата нанесува непоправлива штета. Се согласуваме со хируршки прецизниот опис на планинарите дека:

“безосетноста и деструктивната тенденција присутна во сите пори на нашето општество која не остава ништо убаво, корисно и вредно да егзистира, напротив се она што има вакви својства мора да биде бездушно уништено.” 

Коренот на проблемот Левица го лоцира во криминалното сојузништво помеѓу државните институции и шумската мафија. Се’ додека институциите се под контрола на профитери, ќе продолжиме да сведочиме различни примери на потчинување на природата и на народот од страна на криминалниот капитал со трајни и непоправливи последици.  

Левица се залага за правото на живот пред правото на профит! Нашата програма предвидува сеопфатен пристап кон природните ресурси. Меѓу другото,

 #ЛевицаВоПарламент ќе се залага за:

  • Прогласување за национални богатства на водите, шумите, рудите и минералните ресурси и забрана за нивно издавање под концесија
  • Забрана за изведба на индустриски, градежни и други инвестициони проекти во национални паркови, освен во насока на плански развој на еко-туризмот
  • Дефинирање на резервати и природни живеалишта на биодиверзитетот од национално значење, како основа за планирање на понатамошна заштита на природата
  • Зголемување и ревизија на мрежата на заштитени подрачја и видови во Република Македонија (флора и фауна) 
  • Целосна ревизија на законските измени кои се во спротивност со Законот за заштита на природата, Законот за води, Законот за управување со светското природно и културно наследство и други релевант- ни закони за заштита на животната средина

Само држава која работи за народот, а не за корумпираните елити-профитери, може да ја почитува и заштитува природата. Само држава која е во служба на народот, може да работи во служба на природата и во служба на здрава иднина за сите нас.  

Воедно, ги повикуваме сите загрижени Кумановчани, вклучително и членовите на планинарските друштва, да присуствуваат на отворањето на канцеларијата на Левица, во сабота од 19 часот на Улица Моша Пијаде 71, 1300 Куманово. 


Реакција на Локален Огранок – Куманово.