Пратениците на Левица нема да учествуваат во шверцувањето нови пратеници

apasiev1

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес, во Собранието на Република Македонија, владејачката коалиција на СДС+ДУИ, на очиглед на јавноста, прави противделовнички обид за верификација на мандатот на нови пратеници – спротивно на чл. 17 од Деловникот!Според овој член, за да има верификација на нови мандати мора кумулативно да постојат два акта: 1. Извештај од ДИК; и 2. Предлог од Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања (која не постои, односно сè уште не е основана)!?

Оваа „дива“ верификација, која се случува во теков на денешниов ден, се врши без вториот потребен документ, а врз основа на т.н. „Извештај“ од непостоечката Верификациона комисија, на чело со Јагода Шахпаска – која има истечен мандат, односно престана да постои по истекот на Конститутивната седница!

Бидејќи и покрај процедуралното укажување од страна на нашиот пратеник Димитар Апасиев – дека е правно невозможно без Комисија и без предлог да се продолжи со верификацијата – парламентарното мнозинство продолжи со овој илегален начин на работа, пратениците на Левица нема да учествуваат на фингираните ноќни седници на кои ќе бидат ставени на дневен ред овие мандати.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ