Поднесено Барање за инспекциски надзор за случајот со копање песок на Охридското езеро

baranje-ohrid

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пред два дена Левица поднесе Барање за инспекциски надзор до Државниот инспекторат за животна средина во однос на случајот со копање песок на брегот на Охридското езеро (кој го обелодени иницијативата Охрид СОС). И во овој случај е инволвиран заштитениот советник на старо-новата коалиција, Нефи Усеини, со оглед што недозволените активности се одвиваа во близина на спорната бетонска база која е во негова сопственост.

На едно од најстарите природни езера во светот му се случува екоцид, директно поддржан од бизнис-апетитите на коалицијата СДС-ДУИ и нивните локални бандити. Нема холивудско рушење дивоградби, нема санкции за сторителите, нема План за заштита на специфичниот биодиверзитет, нема никаква визија и волја од политичките елити за Охридското езеро како уникатен природен и културен споменик да се валоризира и заштити неговата специфичност – туку единствено се гледа како максимално да се експлоатира неговиот потенцијал за да задоволат нечии краткорочни лукративни интереси.

Доколку Државниот инспекторат за животна средина одбие да постапи по нашето Барање во законски предвидениот рок, ќе ги искористиме законските механизми кои ни стојат на располагање за непостапување на надлежните институции.


levica logo tekst

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ