Дали Манчевски се повлекува поради сомнежите за незаконски вработувања во судовите

манчевски

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

До Левица деновиве пристигнаа информации за сериозни неправилности и незаконитости при изготвувањето на Годишните планови за вработување за 2020 година од страна на судовите, како и за незаконско издавање на позитивни согласности од страна на Министерството за информатичко општество и администрација на истите. Непочитувањето на постапката предвидена со Законот за судска служба најверојатно било искористено за вработувања и унапредувања во судството за лични и партиски цели на власта.

Ваквите нерегуларности се одвивале кога со ова министерство раководеше Дамјан Манчевски, кој пред неколку дена најави дека целосно се повлекува од политика. 

Според информациите кои ги добивме, пред изборите биле издадени позитивни согласности  на поединечни годишни планови за вработување за 2020 година на сите судови во РМ – иако истите не биле изготвени од судовите како што предвидува Законот, туку од Судскиот буџетски совет.  За ова веќе е реагирано и од Здружението на судска администрација до Судскиот буџетски совет и Министерството за правда, но се уште нема никаков одговор.
Од Здружението тогаш обвинија за нетранспарентно и незаконско работење од страна на Судскиот буџетски совет, кој  интервенирал со измени во Годишните планови за вработување на дел од судовите и така изменети во месец февруари ги доставил до судовите со барање претседателите и судските администратори да ги потпишат со датум од 21.11.2019 година.

Бидејќи антидатирање во однос на денот на изготвувањето на плановите од страна на судовите  претставува кривично дело, јавно прашуваме дали ОЈО досега поведе истрага заради утврдување на одговорност кај претседателот на Судкиот буџетски совет, Киро Здравев и поранешниот министер за информатичко општество – Дамјан Манчевски?

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ