Фирма од Струмица со решение за отстранување градба непречено гради во Охрид

124251552_206981494143285_6336709215808549491_o

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во нашиот Локален огранок, неодамна ни беа испратени податоци и документација од жители на Велестово кои се однесуваат на бесправно изградени објекти, чии инвеститори се Аристид Маџунков од Струмица и Златко Кецкоски од Охрид.

Од приложената документација се гледа дека Аристид Маџунков од Струмица, сопственик на рудникот “Неметали Огражден” (приватизиран со крајно сомнителна приватизација) во Велестово на КП 1313, изградил викендица на три ката. Од страна на инспекцијата, на 20.02.2019 година извршен е увид и врз основа на тој увид на 06.03.2019 година донесено е Решение за отстранување на градбата ИП 1 бр. 36 – 108 и Заклучок за извршување ИП 1 бр. 36 – 108 од 01.06.2019 година.

На 10.06.2019 година при повторен увид од надлежните, утврдено е дека инвеститорот, не само што не го отстранил спорниот објект, туку продолжил со градежните активности. Според исказите на локалните жители до денес не е постапено според одлуката на инспекцијата.

Прашања до надлежните:

– Дали и кој го штити Аристид Маџунков, кој во конкретниот случај се поставува над законот, градејќи го спорниот објект и покрај тоа што се’ уште не е донесен УП за село Велестово ?

– Дали е точно дека во истата населба Велестово, на КП 669 се појавува како инвеститор на бесправна градба , Златко Кецкоски, познат како марихуана – партнер на Заев?

Ако е сето тоа точно, Левица ЛО Охрид бара објаснување од надлежната институција, зошто богатите олигарси, соработници и спонзори на трите големи партии, се издигнуваат над законот? Зошто за нив законот за дивоградби не функционира? Зошто постои селективност при рушење на дивоградбите во Охрид ?


reshenie

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ