За дигнитетот на научниците или што сè е гнило во државава македонска

logo-web

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Вчера се обележа денот на науката. А каде е македонската наука? Додека секоја година тонеме на Шангајската листа сè пониско и пониско, УКИМ во манир, по кој, за жал, станува препознатлив, избира научник на годината на скандалозен начин. Научниците сè поретко се мотивирани да се пријавуваат на овој избор бидејќи не веруваат во неговиот легитимитет. Имено, изгледа дека на УКИМ стана традиција изборот на научник на годината да биде проследен со чудни случки.

Еднаш ректорот не се појавува на доделување (веројатно кандидатите не му биле по ќеф), друг пат не се доделува наградата (веројатно не успеал да го протне својот кандидат) – за оваа година нетранспарентноста во постапката да го достигне врвот. Годинава пријавените кандидати добиле известување неполни 20 часа пред доделувањето наградата. 

Во известувањето стоело единствено кои кандидати се избрани, а не и начинот на којшто се избрани, односно бодувањето. Иако правилата на конкурсот се дека може да има само по еден кандидат од единица, сепак, од два факултети -Шумарски и Музичка академија пријавени биле по двајца кандидати. При тоа, еден од кандидатите е деканот на Шумарскиот факултет, кој, каква случајност (?!), бидува избран. Интересно е што комисијата за избор е од редот на ректорската управа во која членуваат деканите. Можеби не воочиле дека во наведениот случај има конфликт на интереси? Или, не имале во предвид дека воопшто не е етички деканот да се пријави, а не пак и да биде избран? Инаку, многу е занимлив и начинот на кој кандидатите се рангираат по области. Додека едниот кандидат е рангиран според областа во која е вработен – а не според онаа во која е избран – во друг случај двата кандидати од Музичка академија се рангирани и избрани во различни области. 

Изгледа дека на УКИМ му стана навика да биде извор на нетранспарентни и контоверзни избори, почнувајќи од изборот на ректор, чиј избор, да потсетиме, беше проследен со низа кршења на процедурите за избор и оставки на членови од комисијата за избор.Оттука, некако и очекувано е тоа што повеќе години наназад изборот на научник на годината, наместо престижна манифестација, е извор на нетранспарентност и нелогичности. 

Оваа година се пријавиле само девет научници, но сепак изборот е  проследен со бројни неправилности, а пред сè со огромна нетранспарентност што остава простор за сомнежи и недоверба.

Ваквите состојби се должат на континуираната негрижа за науката, несоодветниот избор на кадри како и на минорните средства кои се изделуваат за таа намена и на потребата да се изгасне жарот и кај тие малкумина ентузијасти што и натаму се заложуваат да останат над калта од живиот песок на протекционизам, нестручност и непотизам. 


Реакција на Секторот за образование.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ