Децении непрофесионалност и корупција ги блокираше јавните обвинителства

јавни-обвинителства

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во ваков период, кога Владата наголемо пропагира дека Македонија има ефикасна борба со криминалот, сметките на 5 јавни обвинителства во Македонија се блокирани. Имено, заради несовесното работење сметките на Јавното обвинителство во Битола, Тетово, Струга и Охрид и вишото битолско обвинителство се блокирани, и тоа за огромна сума од 160.000 евра. Заради целосната финансиска независност, односно посебноста на буџетот на јавните обвинителства, извршната власт крева раце и го остава единствениот орган кој по закон е надлежен за борба со криминалот и враќање на тие пари назад кон државниот буџет да тоне во долгови. Ваквиот долг во наредниот период по основ на камати и тековни сметки се очекува само да расте.

Нејасно е и постапувањето на јавните обвинителства, кои имаат блокирани сметки, до овој момент да не побараат помош од ресорното министерство за решавање на проблемот со кој се соочуваат.

И покрај ветувањата на Владата дека жестоко ќе се бори против криминалот и најавата за вбризгување на повеќе пари во судството и обвинителството, во пракса се случува спротивното. Во овој момент стигнавме до стадиум во кој основните столбови на државата почнаа да покажуваат слабост. Сето тоа е производ на несовесното и непрофесионално работење на институциите особено на извршната власт, која очигледно има една цел, а тоа е да ја распадне државата. Се доделуваат сомнителни тендери на лица блиски до власта, се доделуваа пари за тренинг на магариња и пари за дегустација на сирење, а државата ни’ тоне во долгови и нејзините основни институции не функционираат.

Ја повикуваме Владата, Министерството за правда, како и одговорните во јавните обвинителства, чии сметки се блокирани да ги употребат сите правни и човечки ресурси кои им стојат на располагање за да го решат овој проблем кој не е ни малку за потценување, со цел да се спречи ескалација на целата ситуација и во блиска иднина да не останеме без државен орган за борба со криминалот. 

 ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
 18 ноември, 2020

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ