Демант до ТВ Алфа: Пратениците на Левица не беа присутни на седницата на која се гласаше Кацарска

лого-ќош-лево-НОВО

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Политичката партија Левица, ја демантира веста објавена во вестите на ТВ „Алфа“ на ден 26.11.2020 во Дневникот во 17:30ч. кадешто водителот, Костадин Делимитров, во 28-та минута од вестите објави лажна вест, дека наводно, пратениците на Левица обезбедиле кворум на седницата на која се бираше Добрила Кацарска за уставен судија.

Ја демантираме ваквата лажана вест и укажуваме дека, нашите пратеници ја напуштија собраниската сала уште на првата седница, кога се утврдуваше дневниот ред. Имено, нашиот пратеник, Димитар Апасиев, зеде збор, со цел да го дополни дневниот ред, односно да даде предлог точка на дневен ред, а тоа е: „да се стави на Дневен ред предлог Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии“ – Декларација, која Левица ја поднесе уште пред еден месец. Нашиот пратеник, Апасиев, влезе во вербална расправа со спикерот, Талат Џафери, бидејќи му беше одземено правото на говор од 10 минути, како што налага и самиот Деловник за работа на Собранието. По оваа расправа, двајцата наши пратеници ја напуштија собраниската сала, што може да се види и од видео записите на Собранието. Потенцираме дека, напуштањето на собраниската сала од страна на нашите пратеници се случи во 13:30 часот, додека пак бирањето на Кацарска за уставен судија се случуваше во 16:00 часот.

Користејќи го нашето уставно загарантирано право на одговор, реакција и исправка во средствата за јавно информирање (чл. 16, ст.4-5 од Уставот на РМ), благовремено, во законски оставениот рок од седум дена од денот на објавувањето во етерот, БАРАМЕ да постапите според законските обврски и да го објавите овој демант целосно и во истиот термин на вашиот Дневник, во кој беше објавена оваа лажна вест.

 ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
27 ноември, 2020
 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ