Новинарите од А1он наместо да објавуваат лични пораки од Апасиев, да го објават Дописот испратен до нив и да ја исправат манипулативната вест

лого-ќош-лево-НОВО

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ја информираме јавноста дека, во врска со денешната намерна манипулација со читателите од страна на новинарките на А1он, Габриела Димковиќ Мишевска и Мери Јордановска, испративме Допис до нивната редакција, кој бараме да биде целосно објавен, со цел јавноста да дојде до точните информации. Но, тие наместо да го објават овој Допис, уште повеќе ја замајуваат јавноста со уште повеќе манипулации, до толку што, објавуваат и лични пораки од претседателот на партијата, Димитар Апасиев. За ваквото нивно однесување, ќе покренеме соодветна правна постапка.

Во продолжение следи целиот Допис до редакцијата на А1он.мк.

Почитувани,

Ви се обраќаме во врска со веста на вашиот сајт објавена денес, насловена како: „Апасиев молчи за парите кои и следуваат на Левица, не кажува дали ќе се откаже во корист на работничката класа“ (https://a1on.mk/macedonia/apasiev-molchi-za-parite-koi-i-sleduvaat-na-levica-ne-kazhuva-dali-kje-se-otkazhe-vo-korist-na-rabotnichkata-klasa/).

Прво, насловот на вашиот напис покрај тоа што е тенденциозно извлечен, тој уште е и малициозен и многу манипулативен кон вашите читатели. Во оваа насока, би ценеле доколку овој одговор го објавите во целост како став на Левица во однос на вашите крајно непрофесионално формулирани прашања во врска со сериозна тема каква што е финансирањето на политичките партии во склоп на политичкиот систем на државата. 

Пред се’, би ценеле доколку имате разбирање за тоа дека Апасиев, покрај тоа што е лидер на партијата тој е и дел од Президиумот на Левица, и согласно статутот на партијата, тој не одлучува сам за тоа што ќе се прави со парите на партијата. Понатаму, Апасиев не може да биде целосно преокупиран во однос на сите прашања кои се однесуваат на целата партија. Односно, наместо приватно да го барате Апасиев, може да се обратите на контакт лицето одговорно за комуникации и односи со јавност, чиј контакт стои во секој наш допис до вас, на нашата службена е-пошта, или ФБ пејџ, каде во секое време може да побарате став.  

Што се однесува до вашето „прашање“ веднаш да ви одговориме дека секако нема да ги донираме средствата кои се’ уште не сме ги ни добиле, а пак доколку се одлучиме на такво нешто, за тоа нема да се фалиме јавно. Вашата професија има голем удел во формирање на поп култура на граѓаните, оттука би било добро, доколку ги оставите настрана несериозните и саркастични дофрлања на доскорешни наши членови, а сегашни соработници на власта. Следствено, би сакале да подвлечеме дека  државното финансирање на политичките партии има клучна улога во одржување на каков таков политички плурализам. Иако сегашниот модел, на малите политичките партии им носи најмал процент од финансиите, сепак тоа има и далеку поголемо влијание врз нивната можност да учествуваат и да се борат во политичкиот систем, односно да ги претставуваат интересите на нивните гласачи. И токму државното финансирање има многу поголема важност за опстојувањето на оние партии кои намерно избегнуваат финансирање од крупен капитал и приватни донатори заради обезбедување политичка независност. Она што е проблем, покрај транспарентноста во трошењето на тие пари, е можноста партиите да се финансираат преку приватни донации, односно донации на финансиски моќници и бизнис лобиа, што понатаму се одразува на нивната политика, односно влијанија/притисоци на донаторите во носењето на политичките одлуки (рамен данок, кратење на работнички права, заштита од испекции, предност при добивање на тендери, доделување на разни дозволи за градба за донатори од градежен сектор и.т.н). Токму владеачката партија СДСМ, на чело со бизнисменот Заев е еклатантен пример за последново.

И за крај, ве молиме имајте во предвид дека Левица како партија која води класна политика не постои за залажување на работничката класа со донации и поклони, повеќе од доволно ќе биде доколку работничката класа го добие она што и’ следува – екстра профитот кој бизнисот го прави преку искористување на нејзиниот труд. Токму и поради тоа постои Левица, да стреми кон осојување на власта, и институциите на државата од опресори да ги преиначи во заштитници на работниците. 

 ПРЕЗИДИУМОТ НА  ЛЕВИЦА
7 декември, 2020
  

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ