Во сто дена Владата само ги надгради поразите од претходното владеење

влада

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Стотте дена Влада не донесоа ништо ново освен продолжување на старите политики кои ја девастираа државата на секое поле – економски, политички, здравствено и социјално. Не ни може да се очекува нешто ново, затоа што ова е старо-нова Влада, со истиот состав на корумпирани и клиенталистички настроени функционери.    

Овие сто дена од старо-новата Влада го одбележаа четвртото вето добиено во две години, кои поминаа и ќе останат запаметени по т.н. национални компромиси и понижувања на македонскиот народ во име на “розево” претставената евро-атлантска иднина. Токму на 100-те дена, Владата ги продолжи понижувачките преговори со официјална Бугарија, кои после сите шовинистички и негаторски изјави од страна на највисоки бугарски функционери, потребно е итно да бидат прекинати! Очигледно е дека единствено Зоран Заев е подготвен да ги спаси бизнисите на неговата фамилија кои ги има со Бугарија, и тоа додека паралелно го распродава, брише и ревидира антифашистичкото минато и вредностите на АСНОМ, како камен-темелници на македонската државност.

Овие 100 дена Влада беа само надградба на погубните политики кои ги сведочевме изминатите три години, преку распродавање на националните и државните интереси со квислиншкиот Договор од Преспа – за овој мандат СДСМ да го најави со распродажба на целиот државен имот што нивните олигарси не успеаја да го украдат во транзицијата. 

Покрај официјалното ВЕТО од Софија и ЕУ која ги зацементира дипломатските неуспеси на оваа корумпирана и поданичка власт, повеќе поразителни факти и реалност го одбележаа владеењето на криминалната владејачка коалиција: 

  • Скандалот со активностите на првиот (неуставно назначен) вицепремиер Артан Груби во жолтата куќа на Косово;
  • Катастрофалното менаџирање на корона-кризата која ја постави Македонија на врвот на земјите со најголема стапка на смртност; Злоупотреба на државните средства за помош во кризaта, каде крупни фирми блиски до власта добија најголем дел од колачот, додека илјадници работници останаа на улица; 
  • Еколошката катастрофа од невидени размери со пресушени езера и реки поради погрешните политики на раководството на ЕЛЕМ – кое продаваше струја во летниот период за сега да увезува струја по повисока цена од продаденатa;
  • Потрошени се огромни средства  за земјоделски субвенции без никаков позитивен резултат во земјоделието. Напротив, се’ што направи оваа Влада во однос на овој витален сектор за Македонија е само дополнително пригушување на земјоделците. Последен резултат од ваквите политики се понижувачките цени за производителите на тутун каде Владата успеа да ја спушти откупната цена дури на нивото од 2004 година;  
  • Назначување на партиски егзекуторот каков што е Добрила Кацарска за уставен судија;
  • Делегитимирање на Антикорупциската комисија како продолжена рака на СДС која го амнестира од одговорност Директорот на АР – Еролд Муслиу; 
  • Поништување на одлуката за рудникот Иловица со што повторно институциите се ставија во служба на капиталот, наместо во служба на националниот и јавен интерес;
  • И конечно, после огромниот пораст на јавниот долг и задолжувањето како главен „економски“ адут на власта, стигна и официјалната потврда за рецесијата на македонската економија;

Покрај сето ова, тука се и промашената учебна година, стотиците скандалозни огласи за вработувања користени за партиски пазарења и поткусурувања, најави за декриминализација на марихуаната како изговор за осигурување на монополот и профитот од бизнисот во канабис индустријата кој фамилијата Заеви го поседува. Со секој нов ден оваа Влада само го надградува и надополнува своето портфолио на скандали, корупција, дипломатски бламажи, кражби и понижувања. Затоа итно, оваа Власт, заедно со партиите кои ја предводат, мора да биде фрлена на буништето на историјата. 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ