Жителите на село Раштак 15 години немаат вода за пиење

лого-ќош-лево-НОВО

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

На барање на неколку жители од скопското село Раштак, членови на раководството на Левица заедно со својата продукциска екипа, го посетија ова место, кадешто околу 400 жители веќе 15 години немаат вода ниту за основна хигиена, а за пиење не доаѓа предвид.

Жителите сведочат дека, веќе 15 години од чешмите им тече буквално – кал. Иако општина Гази Баба, во неколку наврати преку ЕУ проекти, земала дебели пари, се’ што досега се направило е нефункционално, бидејќи како што велат самите жители, се’ се правело набрзина и нетемелно, што укажува на тоа дека, овие пари завршувале во нечиј џеб, додека мештаните немаат вода ниту за бањање и перење.

Ова село се наоѓа под планините, на само 10 километри од центарот на Скопје, а во 21. век, години наназад, жителите се принудени да живеат без питка вода, односно вода која е перманентно загадена и од која дури им се расипуваат домашните апарати. Со ниски пензии и плати, тие се принудени да купуваат вода од продавница, која не само што ја користат за пиење, туку и за премивање на садовите, бидејќи се плашат дека ако ја користат водата од чешма, ќе се заразат од некоја болест.

Во прилог следи документирана видео репортажа, кадешто неколку жители сведочат за овој голем проблем, кој е недозволив во ниедно општество!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ