(Видео) Масларковски: Марин не исполни ништо од ветеното, напротив мести огромни тендери

8824

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Модераторот на Левица во ЛО Аеродром, Дарко Масларковски, одржа прес-конференција на која ги обелодени сомнителните тендери на градоначалникот од СДС на општина Аеродром, Златко Марин.

„Иако ветуваше дека ќе се разликува од претходните, од неговите предизборни ветувања за капитални проекти нема ништо. Нема нов младински културен центар, нема средно училиште, рекордери сме во загаден воздух во цела Македонија и скоро нема никаква поддршка за младите од општината. Наспроти тоа има баснословни суми на тендери и јавни набавки – половина милион евра за чешмички и фонтани и нешто што последно ја вознемири јавноста во Аеродром, во време на корона криза – тендер од 1.577.000 денари (скоро 25 илјади евра) на бина, лед дисплеј осветлување. На таква бина би подзавиделе и светските ѕвезди. Веков начин на водење општина и држава Левица нема да толерира. Ниту еден денар пари не смее да се одлева.“

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ