Жителите се против платеното паркирање во Карпош – Богоев и СДСМ насилно го воведуваат зонското паркирање

лого-ќош-лево-НОВО

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Жителите се против платеното паркирање во Карпош – Богоев и СДСМ насилно го воведуваат зонското паркирање

Членови на локалниот огранок на Левица во Карпош спроведоа теренска анкета на територијата на Карпош 1 и Карпош 2, населби во кои се планира воведување на платено паркирање.

67% од испитаниците одговорија дека се против воведување на зонско паркирање на територијата на Општина Карпош, а 23% од испитаниците се изјаснија за воведување на зонско паркирање. При тоа 65% од испитаниците се изјаснија дека се за организирање на референдум на кој ќе може жителите да се изјаснат по ова прашање.

“Требаат паркинзи, а не воведување на зонско паркирање” и “Зонското паркирање нема да го реши проблемот со паркирање” беа најчестите одговори кои ги даваа жителите.

Недостатокот на паркинг простор е директна последица на неконтролираното издавање градeжни маркици и узурпација на слободниот простор со станбени згради.

За тоа се свесни жителите исто како што се свесни дека Богоев ги излажа дека ќе изгради еколошки паркинзи на повеќе нивоа. Свесни се и дека крајната цел на воведувањето зонско паркирање е прибирање на финансии од граѓаните и вработување на партиски послушници во пресрет на локалните избори, а не решавање на проблемите со паркирањето.

Резултатите од оваа анкета се целосно спротивни на оние на кои се повика Богоев и општината. Тоа е доказ дека и оваа одлука општинската администрација сака да ја спроведе насилно, спротивно на барањата и потребите на жителите.

ЛО Левица Карпош јавно го повикува градоначалникот Богоев да ја стопира постапката за воведување на зонско паркирање, во спротивно Левица ќе иницира спроведување на локален референдум.

137268204 3906381102762761 2355744887234935403 o

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ