ИНТЕРВЈУ НА АПАСИЕВ ЗА ФАКТОР: Левица да влезе во општинските совети, без нас да не е можна следната Влада

20210108234931

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Интервју на претседателот на Левица Димитар Апасиев за фактор.мк

Многу надежи за подобра година, многу посакувања, како никогаш досега очекувања да е подобра од претходната. Во 2021 година влегуваме сите со заедничка желба – овој здравствен предизвик да заврши. Пандемијата ги помести нашите очекувања, нашите приоритети се други, сите други желби имаат помала вредност. 2020 има лош знак, иако можеби за многумина беше и успешна. Успех е и да се зачува здравјето, да се помогне некому, добра работа е да се предизвика нечија насмевка. Такви луѓе има многу. Во деновите пред и по стартот на новата година Фактор објавува новогодишни изјави од медицински експерти, стопанственици, банкари, политичари – сите зборуваат за нивните очекувања во следната година.

Димитар Апасиев дефинитивно е еден од личностите кои ја одбележаа 2020 година на политичка сцена. Како претседател на „Левица“ неговата партија за прв пат минатата година стана парламентарна и освои два пратенички мандати. Во надеж дека ќе го собори „бипартизмот“ во земјата, жесток е со критиките и кон СДСМ и кон ВМРО-ДПМНЕ. Покрај тоа, пратеникот знае да се послужи и со репертоар на вулгарности, но тоа не пречи неговиот рејтинг и натаму да расте на анкетите.

lg.php?bannerid=1695&campaignid=1100&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fzelba za 2021 dimitar apasiev budenje na narodot i vleguvanje na levica vo sovetite na opshtinite

Професорот во 2021 очекува како што вели „будење на народот“, на приватен план желбите му се едноставни, но на државен, она што го посакува вели дека е покомплицирано да се оствари. Желбите на професионален план му се во контекст на „Левица“. Вели дека следната цел се локалните избори на крајот на оваа година.

„Во 2021 очекувам човештвото да најде оптимален начин да ја победи пандемијата. Ние сме социјални битија и т.н. социјална дистанца е далеку од нормална, напротив. Секому од нас дружењето и контактот со други луѓе му е природна потреба и колку повеќе ја потиснуваме, толку повеќе ќе има негативни ефекти како психолошки заболувања, зголемување на сиромаштијата и сл. Очекувам и народот конечно да каже дека му е доста од срушениот систем и криминогените власти кои нè доведоа до питачки стап и најлош квалитет на живот во Европа и да се вклучи поактивно во своето Ослободување.

На приватен план најчесто желбите ми се едноставни и поврзани со она што го сметам за суштинско во животот – здравје, љубов, умешност да му се радуваме на секојдневието, благодарност, заеднички мигови со најблиските кои ќе нè крепат.

lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fzelba za 2021 dimitar apasiev budenje na narodot i vleguvanje na levica vo sovetite na opshtinite

Затоа пак, покомплексни се желбите поврзани со она што го нарекуваме наша Татковина – и не се едногодишни, туку за подолг период. И тие би биле едноставни, да не бевме заложници на големите партии и нивните платеници, кои години наназад ги гледаме како наместо на граѓаните, му служат на крупниот капитал и на мафијата. Во оваа насока, не само желба, ами и заложба за борба ми е справување со корупцијата, одговорност на сите кои се огрешиле пред законот и пред народот, запирање на урбаната мафија која ја уништи животната средина, казнување на загадувачите на воздухот и водите и наложување на јасни правила за работа, запирање на распродажбата на јавните добра и ставање крај на своеволното владеење на елитите. Сакам да доживеам, тука дома, да можеме да живееме нормално и достоинствено. Не ми делува како да барам премногу. 🙂

Целите на професионален план се неразделно поврзани со целите на Левица. Среднорочна клучна цел е влегување во советите на општините на Локалните избори, за да можеме да почнеме со разобличување и запирање на криминалните активности на советниците на СДС и ДПМНЕ, кои гласаат исклучиво во полза на партиските интереси и урбаната мафија. Време е народот да ја земе моќта назад во свои раце и да се вклучи во одлучувањето за својот живот и во уредувањето на сопствените населби, улици, паркови, училишта… А веднаш потоа, следна цел е да не може да се формира следна Влада безЛевица – кога,со поддршка од народот, кој сè повеќе ја препознава нашата искрена заложба и борба за подобар живот, ќе се наметнеме со нашите народни барања и делови од Програмата и ќе создадеме можности истите да почнеме да ги реализираме.

lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=47&loc=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fzelba za 2021 dimitar apasiev budenje na narodot i vleguvanje na levica vo sovetite na opshtinite

Само од позиција на власт можеме да го промениме начинот на кој функционира системот, а сега одвнатре, гледаме дека тоа не е невозможно. Напротив. Со доволна бројка на народни претставници во парламентот, е реално изводливо. Ќе пробаме, со сите сили, за да не се каеме некогаш дека животот ни поминал во апатија (за мене тоа е еднакво на мизерија), со наведната глава и без р’бет. Имаме енергија, имаме чиста совест, имаме знаење и имаме волја! Сите предуслови за Борбата да продолжи постојат. На потег е народот, со својот глас. А тој ни покажа дека знае да препознае и награди искреност и чесност и храброст и неподмитливост. Нема зошто да не му веруваме дека ќе посегне по можноста за вистински промени.“ гласат желбите на Апасиев.


Интервјуто изворно прочитајте го на следниов линк.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ