Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Борислав Крмов: „Целта на пописот е демографски и етнички инженеринг“

Законот за попис по редовна постапка тајно беше повлечен на 26 декември минатата година, а пратениците добија известување дури после два дена дека е повлечен и пуштен во скратена постапка. Поради ова, пратениците имаа само 18 часа за поднесување на амандмани, при што сите амандмани на опозизијата беа експресно одбиени!

Целиот закон е проблематичен, но има неколку точки што се прошверцувани и се апсолутно многу проблематични. Имено, не се дефинирани поимите како што се: „население“, „домаќинство“ и.т.н. Исто така, ќе може да се попишува секој кој ќе се најде на територијата на Република Македонија, независно дали е државјанин, или не. Најнебулозна работа е што се дозволува трето лице да може да попише друг член од фамилијата само со давање на матичен број. Проблематично е и дефинирањето на потрбен документ, односно потребниот документ е дефиниран како „соодветен документ“. Оттука се поставува прашањето – што е тоа соодветен документ? Зошто не е прецизно дефинирано – „лична карта“, или „пасош“, бидејќи за некого соодветен документ може да биде и членска книшка од библиотека.

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, вечерва имаше обраќање во Собранието на Република Македонија по повод донесувањето на овој закон, при што истакна:

„Главната работа, којашто тука фали е разграничување на две дефиниции, меѓу „вкупно“ и „вкупно попишано“ население. Без тоа, значи што е резидентно население, кое население живее тука, а кое не – без тоа, вие немате Закон за попис! Со тоа вие имате еден неодреден текст, којшто јас не знам за што друго би послужил, освен единствено за демографски и етнички инженеринг. Ние се сомневаме дека веќе бројките околу соодносот на етникумите во оваа држава се определени од вас, затоа е нели тој фамозен „врзан потпис“ меѓу директорот на ДЗС и неговиот заменик. И сега, ќе се оди одозгора надолу, определени се бројките, а вие реалноста ќе ја прилагодувате, за да дојдете до бројките, коишто со вашиот коалиционен партнер ги имате договорено.“

 

Најнови објави