Хактан: Ние сме за легализација на марихуаната и за искористување на нејзиниот потенцијал

ХАКТАН РЕЏЕП ИСМАИЛ - Президиум на Левица

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Ние сме за легализација на канабисот, меѓудругото сме и за искористување на неговиот индустриски потенцијал, како и потенцијал во земјоделието, вели за „Слободен печат“ Реџеп Хактан Исмаил од Левица по најавите на премиерот Зоран Заев за легализација на марихуаната и за рекреативни цели.

Хактан посочува дека и во самата програма на Левица е начната темата за овој тип на легализација на канабисот, меѓутоа тој смета дека проблемот со предлогот на власта е тоа што преку овој начин можност за одгледување на канабис добиваат само поголемите компании.

Во поглед на користењето на канабисот како алатка за развој на туризмот, тој вели дека марихуаната може да помогне за подобрување и на овој сектор, но истакнува дека е клучна контролата при користењето на оваа супстанца, која според него може да се добие само доколку марихуаната е легална.

– Има многу други работи кои треба да се направат за да се прошири туристичкиот потенцијал во Македонија, а секако дека и легализацијата на марихуаната ќе придонесе за такво нешто. Негативните ефекти од нелегално користење на канабис ги гледаме многу повеќе, на тој начин не се намалува користењето, само потребно е да се има поголема контрола врз сето тоа. Доколку е легална марихуаната, на тој начин ќе има и повеќе програми за да се разбуди свеста и за негативните страни на канабисот. Дури и канабисот доколку е легален би бил контролиран, додека моментално таква контрола не постои – додава Реџеп Хактан Исмаил од Левица.

Михаило Донев – slobodenpecat.mk

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ