Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Дали Стружани се заложници на фирмите блиски до Анѓушев?

Речиси цела година градот на две води и неговите жители постојано имаат проблем со снабдувањето со чиста вода, при што последниов период ситуацијата кулминира. Дури и Центарот за јавно здравје даде забрана за користење на водата, кој по направените анализи утврди дека водата од градските чешми не е безбедна за пиење.

Додека од Јавното претпријатие „Водовод Струга“ проблемот го лоцираат во неконтролираниот испуст на вода за производство на електрична енергија од мини-хидроцентралата кај Горна Белица, скандалозно е што властите дозволиле ситуацијата да ескалира и навремено не ја санкционирале фирмата. Во самата изјава, директорот Дашмир Насуфи потврдува дека компанијата која ги води мини-електраните користи повеќе вода за да произведуваат повеќе енергија и иако истата била “предупредена”, сепак никакво решение за овој горчлив проблем на Стружани не е на повидок.

Се работи за хидроелектрана која е во сопственост на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и која само во 2019 година остварила профит од 13.608.817 денари. Поради тоа, Владата предводена од СДСМ е должна да одговори пред јавноста дали Стружани се оставени без чиста вода заради енормниот профит на фирмите на Кочо Анѓушев?

Непостапувањето и инертноста на институциите при постоечки сомнежи за нерационално работење на оваа компанија само ги подгрева сомнежите дека власта ги штити бизнис-интересите на нејзините фунцкионери, дури и по цена цел еден град да биде оставен без вода.

Најнови објави