Левица го оспори законот за Макпетрол пред Уставен суд на РМ

140912855_796933050892555_841147699176176517_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес Левица, до Уставниот суд на Република Македонија, поднесе Иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за решавање на спорот помеѓу Владата на РМ и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба (од 28 декември 2020).

По тој повод, нашиот член на ЦК и член на Правниот сектор на Партијата – Саше Јанчев, по поднесувањето на претставката, пред Уставниот суд, одржа прес конференција.

„Прво е пробиена тријалистичката поделба на власта на законодавна, извршна и судска. Имено, законодавниот дом пробува да реши судски спор стар 15 години и со тоа прави упад во надлежностите на судската власт и делува како вонреден суд што е изречно забрането со Уставот. Друга работа е што законот е привилегирачки, се рашава спор само на една компанија, а сите останати компании, коишто имаат судски спорови со владата се тргаат на страна. Воедно законот е и фаворизирачки, затоа што се нарушува правната еднаквост на економските субјекти, која е гарантирана со Уставот, трета работа е што никаде не се спомнува кој ќе го плати данокот на капитална добивка, а според Устав сите субјекти се должни да плаќаат данок и јавни давачки. Четврта работа е што од нигде-никаде во законот се инволвира трето незаинтересирано и неинволвирано лице, а тоа е „А.Д. Национални енергетски ресурси”, кое е во државна сопственост и кое е инволвирано со цел преку него да се направи наплата.Тоа е најверојатно така, затоа што Владата сака да ја тргне од свои раце евентуалната идна кривична одговорност“ – истакна Јанчев на прес конференцијата.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ