Надлежните да го истражат случајот со родилката од Дебар – здравството не смее да биде индустрија за профит

140251704_233308778417266_4275557267233711479_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

ЛЕВИЦА поднесе барање до Лекарската комора на Македонија за поведување постапка против д-р Мухамед Асани, кој треба да сноси одговорност за случајот со родилката на која и беа извадени матката и едниот бубрег при операција која требало да заврши само со царски рез.

Ниту Министерството за Здравство, а ниту пак Лекарската комора, како првично надлежни институции при вакви случаи, се’ уште немаат излезено со соопштение до јавноста.

Левица бара отчет од надлежните институции за постапките и покренатите истраги против обвинетиот, за тоа што конкретно е превземено и до каде е процесот во расветлувањето на овој случај. Поради можноста за постоење кривично дело, надлежните институции се должни да спроведат темелна истрага, да ги санкционираат инволвираните и да го обелоденат случајот пред јавноста.

Како последица од наглиот пораст на приватниот сектор во здравството преку сиве овие години, до толку се урниса јавното здравство, што породувањето стана акт за кој обичниот граѓанин мора сериозно финансиски да се задолжи, најчесто преку кредити, со цел сигурно и без поголеми компликации да обезбеди нормално породување за своите најблиски. Додека пак оние кои се без можност да обезбедат финансиски средства на било кој начин, принудно се оставени на милост и немилост во исклучително лошите услови во установите и во рацете на докторите од ваков калибар во јавниот здравствен сектор.

Двајцата доктори мора да одговараат пред Судот на честа составен од професори и стручни доктори во дадената област, каде чекор по чекор треба да објаснат како и зошто е дојдено до ваков трагичен настан.

Зошто пациентката е оставена да чека толку долго до втората експлорација на абдоменот и малата карлица и дали веднаш е консултиран абдоминален хирург за да се воспостави од каде крвари и зошто? Дали органите се доставени на Институтот по патологија во Скопје за патохистолошка анализа и на Институтот за судска медицина за вештачење на истите по налог на Јавното обвинителство, или тука застанува процесот?

За жал, ова е уште еден од многуте секојдневни случаи, кои покажуваат дека здравството, и здравствениот сектор воопшто не смее да биде профитабилна индустрија.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ