(Видео) Димоски: Богоев продолжува со расфрлањето на општинските пари

140895071_751169765815706_676058227053316815_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА

 

Стефан Богоев како градоначалник на Општина Карпош склучил договори за закуп на простор во печатени медиуми. Вкупната вредност на договорите изнесува 3.000.000 денари, односно 2.580.000 денари повеќе во однос на договорите што за истата услуга кај истите медиуми ги склучиле Општина Гази Баба и Општина Кочани.

Покрај овие договори, Стефан Богоев, минатата година склучи договори за спроведување на прес-клипинг од илјадници евра. Еден од нив е и договорот со лицето Никола Спасов, син на поранешниот генерален секретар на СДСМ, Ѓорѓи Спасов.

Токму нерационалното и недомаќинско трошење на општински пари е главната карактеристика на досегашното владеење на Стефан Богоев и СДСМ со Општина Карпош. Изговорите дека тоа се прави во интерес на жителите и општината повеќе не поминуваат кај Карпошани.

Прес конференција на членот на Централниот комитет на Левица и модератор на ЛО Карпош, Мартин Димоски:

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ