Богоев народните пари ги троши на пи-ар кампањи и со тоа отворено се фали во јавноста

145371635_741480806803377_4069159847551162051_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Стефан Богоев на пропушта можност во јавноста да пласира како се трошат народните пари од општинскиот буџет на општина Карпош. Имено, тој и неговиот Пи-Ар тим, многу транспрентно им покажуваат на граѓаните на општина Карпош – на што ги трошат нивните пари. Ваквата транспарентност многу убаво звучи, но не и кога на народот ќе му ја потцениш интелегенцијата. Народот не е глупав и слеп за да не може да увиди дека Стефан Богоев, народните пари ги троши лично за негова Пи-Ар кампања и зголемување на рејтингот на СДС, додека урбаната мафија во Карпош работи со полна пареа.

Карпош повеќе не личи на урбана општина. Зелените површини се се’ помалку, а локалните депонии се’ повеќе. Во истите Пи-Ар стратегии, тој ја фали неговата матична партија дека ги мотивира младите да останат во државата нудејќи им квалитетен живот.

Да не беше трагично ќе беше смешно. Гледајќи како младите ја живеат реалноста на Македонија, така сигурно имаат впечаток дека глумат во добро осмислена пародија или трагикомедија. По не знам кој пат сакаме да му укажеме на Стефан Богоев, да престане да ги троши народните пари за личниот интерес на СДС и истворемено да престане да го потценува НАРОДОТ!

За потсетување, во оваа година за наводна транспарентност и печатење на општинскиот магазин ,,Карпош ИН”, кој служи како гласник на општинската организација на СДСМ, Богоев и Општина Карпош ќе потрошат 6.855.000 денари. Да, 6.855.000 денари во време кога општината е третата најзадолжена општина.

ЛЕВИЦА – ЛО Карпош
3 февруари,2021

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ