Владата ќе не’ задолжи 21,5 милиони, плус 200 илјади евра провизија за „реформи“ во основното образование

м.царовска

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Деновиве пред пратениците во Собранието, треба да се најде Предлогот на закон за задолжување на Република Македонија, со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, по Договорот за заем за финансирање на Проектот за унапредување на основното образование, по скратена постапка.

Станува збор за Закон од само шест члена, со кој државата ќе се задолжи со 21,5 милиони евра и ќе плати првична провизија од 21,500 евра и 11 годишни провизии од 0.25% провизија од неповлечениот износ на кредитот. Ако претпоставиме дека годишно не може да се трошат повеќе од 3 милиони евра (заради абсорбциониот капацитет на имплементаторот), вкупниот износ на провизии за сите 11 години, би бил околу 200,000 евра.

Ова се пари, со кои дополнително ќе пропаднеме во калта на должничкото ропство, ако се земе предвид дека моменталниот јавен долг изнесува 59% од БДП. Ваквиот тренд на задолжување во други држави, би го вклучил црвениот аларм. Но, власта предводена од СДСМ, без никаква транспарентност и образложение продолжува да се задолжува. 

Во шесте паушални члена на предлогот на законот единствено оваа сума ѝ се става на располагање на министерката, Мила Царовска. Во образложението на предлогот се исчитува дека половина од овие пари, ќе ги голтне темната јама на наводните и контроверзни реформи, и тоа како поинаку, ако не низ обуки и евалуации на обуките!?

Низ призмата на ова задолжување станува сосема јасно од каде толкавото брзање да се изнесе каква било концепција за реформи – очигледно дека се собрале доста „обучувачи“ кои одработиле и треба да бидат исплатени. Па макар и со кредит. Макар преку грбот на образованието кое парализирано, со прекршен ‘рбет се прпелка во немањето никаква друга визија и мисија освен што повеќе и побескрупулозно да се заграби на сметка на – и без тоа осиромашениот народ.

ЛЕВИЦА – СЕКТОР ОБРАЗОВАНИЕ
5 февруари, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ