Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Апасиев: Одење на работа со точак само еден ден во годината е перење на совеста

По повод Интернационалниот ден на возење велосипед до работа во зима, 9-ти февруари, телевизија Сител во потрага по тоа, колкумина од македонските политичари одат на работа со велосипед, наиде само на еден – пратеникот, Димитар Апасиев.

Според пратеникот, Апасиев, во вакво капиталистичко потрошувачко општество, да се оди само еден ден во годината на работа со велосипед – е само перење на совеста, бидејќи со ваквиот потег не се менува светот.
Тој смета дека, пристапот кон ова прашање треба да биде еманципаторски, односно пред секоја институција (банка, продавница и сл.), мора да има паркинг за велосипеди, и тоа треба стане законска обврска.
Освен ова, треба да се обезбедат и други услови на работните места, за велосипедот да стане основно превозно средство на вработените, особено кај компании со над сто вработени.

Најнови објави