Пратеникот Крмов оствари средба со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ

Boris-Tiganj

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес, 11 февруари 2021 година, во Собранието на Република Македонија, пратеникот на Левица, Борислав Крмов, оствари средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.

На оваа средба, нашиот пратеник, ја запозна амбасадорката со политичките ставови на Левица, а се разговараше и на актуелните теми, како што се, пописот, политиката кон соседите, работата на законодавниот дом и други теми.

Пратеникот Крмов, ги искажа ставовите на партијата по повеќе прашања, а меѓудругото ја информираше амбасадорката дека Левица е најбрзорастечката партија во Македонија, и тоа пред се’  дека се должи на пристапувањето на младите луѓе и разочараното гласачко тело.

Исто така, на амабасадорката и беше потенциран анти – НАТО ставот на Левица, ставот против Преспанскиот договор, како и скептицизмот дека нема да има коректен договор ниту со Бугарија, нагласувајќи дека интересите на странскиот фактор, не се и наши интереси.

Беше разговарано и за меѓуетничките односи, како една од најважните теми во Македонија. Пратеникот Крмов, истакна дека проблемот не е долу кај народот, туку проблемот го креираат албанските политички претставници, кои директно и индиректно му праќаат сигнали и пораки на албанското малцинство во Македонија, да не ја почитува државата, јазикот и државните симболи, а со тоа се одржуваат на власт и профитираат како професионални арбитри на конфликтот, кои сами го генерираат.

На средбата беше изразено взаемно задоволство од пријателските односи меѓу двете држави, кои немаат отворени прашања и имаат добра соработка.
На средбата беше изразено взаемно задоволство од пријателските односи меѓу двете држави, кои немаат отворени прашања и имаат добра соработка.

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ