Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Крмов: Внесувањето етничка припадност во личните карти ќе ја зголеми поларизацијата и сегрегацијата

ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРАТЕНИКОТ БОРИСЛАВ КРМОВ

 

Прес конференција на пратеникот, Борислав Крмов, по повод предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лични карти, поднесен од пратеничката група на БЕСА, а со кој би се овозможило во личните карти да стои графа за етничка припадност. Левица е против етничка поделба во било кое поле на општеството, па поради тоа, остро се спротиставува на овој предлог закон, за што и денес поднесе повеќе од 1200 амандмани, со што го прекина разгледувањето на оваа точка, којашто беше на Деневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

 

#ЛевицаОдПарламент

Најнови објави