Крмов: „Етничка припадност“ во личните карти – модел за сегрегација

boris-sobranie-pres

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Со предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, поднесен од Движењето БЕСА, се вршат повеќе работи. Една од главните работи е усогласување со законот на прекршоците, но, не е тоа всушност најважната работа, најважнатаработа за овој закон е промената на членот 5, ставот 2, каде што после зборот „државјанство” – како графа што ја содржи личната карта, се додаваат зборовите „етничка припадност”. Ова значи дека, сега за прв пат ќе имам лични карти со графа за етничка припадност.

Ние како единствена надетничка партија, која што остро се спротивставува на било каква поделба во нашето општество, посебно на поделбата по етнички линии, остро застануваме против овој закон, и поради тоа поднесовме околу 1200 амандмани, и поради тоа Комисијата за Политички систем и односи меѓу заедниците, денешата точка на којашто требаше овој предлог закон да се разгледува, беше одложена.

Овде накратко ќе се обидам да ги образложам нашите причини, зошто ние остро се спротивставуваме на овој закон и бараме т.е. инсистираме овој закон да се повлече.

Светското искуство со вакви класификации во лични документи, па скоро и целото светско искуство е негативно. Многу мало малцинство од државите имаат вакви графи во нивните лични документи, тоа се вкупно околу дваесетина држави, и сите истражувања, кои што се правени на оваа тема, во смисла – што се случува кога ќе се внесат расна, етничка или религиозна графа во личните документи, е дека тоа само ги засилува поделбите, на некој начин најдиректно ги институционализира поделбите, ги прави ригидни, ги прави непроменливи, и од рацете на заедницата на таа група – етничка, религиозна, или расна на која што и припаѓаат, автоматски ги зема во рацете на власта и тоа е многу опасно. Секаде каде што имате вакви примери на внесување на етничка, религиозна, или расна графа во личните документи се конзервативни средини и се средини со многу синлна внатрешна поларизација, и секогаш, апсолутно секогаш ова не водело кон решение, туку ја засилувало поларизацијата внатре во опшеството.

Кај нас, во конкретниот наш контекст, ние со ова и веќе со претстојните закони го имаме издигнато етничкиот идентитет, ние на овој начин етничкиот идентитет го ставаме со државен декрет на пиадестал над сите други идентитети, и со тоа ќе ги прошириме поделбите.

Еве да посочам неколку примери, посебно во конфликтни ситуации, кадешто лични документи со ваква профилација се опасни. На пример, замислете во конфликтот во Југославија да имаше такви лични карти, колку ќе беше послесно да се профилира кој е Босанец, кој е Србин кој е Хрват, колку повеќе ќе имаше мртви, или еве нашиот конфликт од 2001. Да замислиме дека ние 2001 на личните карти имавме Македонец, Албанец, Турчин и слично. Колку тоа ќе ја влошеше всушност ситуацијата, затоа што ќе беше полесно за било која страна да ги профилира граѓаните.

Вакви методи се користени во огромен број на геноциди на етнички чистења каде што тој процес бил апсолутно олеснет, дури некогаш и поттикнат, затоа што имале етничка, расна или религиска графа во нивните лични карти. Ова според нас оди рака под рака со моделот на „соживот”, што во нашиот случај нашиот модел на соживот е сегрегација. Ние веќе имаме етнички паралелки, и сега со етнички лични карти, уште повеќе ќе ја засилуваме таа сегрегација. Ние имаме ситуација каде што во 60-тите години во Америка, милиони луѓе марширале да падне тој модел на поврзување на заедниците внатре, затоа што тоа не е поврзување, тоа е делење, а кај нас тоа се предлага замаскирано – како човекови права, или како градење на соживот, толеранција и.т.н. Само кај нас поделбата по етнички линии, на граѓаните на оваа држава им е претставена како демократски модел. Да не должам, заради ова и заради многу други причини ние бараме овој закон да се повлече.

Автор: Борислав Крмов, пратеник во Собранието од редовите на политичката партија Левица.

Текстот е превземен од antropol.mk

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ