Преку ноќ регистрирана верска заедница!

верски заедници левица verski zaednici levica

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Деновиве излезе информација дека од страна на Основниот суд Скопје 2 е регистрирана нова верска заедница – „Дар ел хадис“.

Само по себе, ова нема да беше проблем, доколку претходно државата немаше одбиено регистрација на верски здруженија со многу подолг континуитет и традиционална втемеленост во општественото живеење на територијата на нашата држава. Имено, Судот подолго време упорно одбива да ги регистрира и заштити верските здруженија на Бекташиите како и верското здружение Православна охридска архиепископија – ПОА.

Со ова, досега државата, фаворизирајќи две заедници, едната Исламска верска заедница (ИВЗ) и другата Македонска православна црква (МПЦ), не само што го нарушува слободното верско здружување, туку и го оневозможува плурализмот како нераскинлива вредност во демократските општества. Да не заборавиме дека неодамна Република Македонија изгуби два спора пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур токму поради кршење на Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи, одбивајќи да ги регистрира верските здруженија – ПОА и Бекташиската заедница.

Регистрацијата на новата верска заедница, е спорна и од безбедносен аспект и закана за дополнително нарушување на секуларизмот. Имено, новорегистрираната верска заедница, е здружение на исламисти од најрадикалната сунитска деноминација „селефизмот“, со кој се поврзуваат повеќе фундаменталистички и екстремистички движења на радикалниот ислам ширум светот.

Дел од програмата на Левица за политички систем и администрација во делот на верски заедници.

verski zaednitsi levitsa verski zaednici levica 1

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ