Сонцето го исчисти снегот во Карпош, а Богоев уште не даде одговор за скапата сол

153248176_4028870063847197_1036683473921373131_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТ

Во зимскиот период логично е општините да бидат подготвени за снежни денови и треба да набават сол. Но, тоа не треба да биде на штета на граѓаните, како што обично знае да биде. Од приложените договори за набавка на индустриска сол за зимско одржување на улици и патишта на териториите на општините Карпош и Сопиште можеме да го забележиме токму тоа: дека оваа набавка е на штета на жителите на општината Карпош.

Додека општината Сопиште, набавува сол за 3.420 денари за 1 тон, општината Карпош, покрај изнајмувањето и ангажирањето на механизација и набавка на други средства, набавува сол по цена од 14.150 денари за 1 тон. Тоа значи, дека општината Карпош набавува сол, која е со 5 пати повисока цена од онаа на општината Сопиште!

Јасно е дека високата корупција лежи во јавните набавки, а јасно е и дека еден од најчестите проблеми во тендерските набавки е растечкиот тренд на зголемување на вредноста на набавката во таканаречените договори во четири очи (на што укажува и извештајот на Управата за финансиска полиција, според кој за најмалку 30 милиони евра бил оштетен државниот буџет минатата година). Па според ова, од градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев, бараме објаснување за платената 5 пати повисока цена на солта во нашата општина.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КАРПОШ

 

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ