Ниту астрономските суми за водата не можат да ја затворат финансиската дупка во КJП „Водовод“

левица кочани

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Откако се достапни за увид на јавноста ревизорските извештаи јасно е од која луда математика се мотивирани најновите цени на водата во Кочани.

Фактите за очајното финансиско- материјално работење на ова јавно претпријатие не може да ги препокрие ниту футуристичката скица од објектот за чија реализација нема ни техничка документација, а не пак финансиска конструкција, ниту пак прашината од метлите на работниците за одржување јавна хигиена кои се испраќани да ја извршуваат својата работа во најфреквентниот период од денот на најфреквентните места за движење.

Што вели конечниот ревизорски извештај од државниот овластен ревизор бр. 13-108/6 од 25.11.2020 година за финансиското работење на КЈП „Водовод“?

„За вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи ревизијата изрази неповолно мислење, а за усогласеност со законите и прописите за 2019 година ревизијата изрази мислење со резерва.“- стои во извештајот. И, во продолжение дека:
Со извршената ревизија на финансиските извештаи и ревизијата на усогласеност кај КЈП „Водовод“ Кочани за 2019 година констатирани се одредени состојби меѓу кои позначајни се:

– недонесени пишани процедури поради што се утврдени ризици кои можат да имаат влијание на наплатата на побарувањата и врз целосноста на приходите;
– исплатени се повисоки износи на плати, додатоци и надоместоци од плати;
-присутна е состојба на загуба на вода во системот за водоснабдување која изнесува НЕВЕРОЈАТНИ 67,75%;
– утврдена е состојба на значителен износ на неуплатени средства во корист на Буџетот на државата, односно Буџетот на општината по сите основи на наплата;
– не е извршен упис на основната главнина на КЈП „Водовод“ Кочани, т.е претпријатието нема утврдено пазарна вредност на имотот и обврските (не е извршена проценка на капиталот);
– побарувањата од купувачите во земјата кои потекнуваат од минати години, дел отужени, а дел застарени и треба да бидат отпишани не се искажани на сметката за сомнителни и спорни побарувања.

Левица остро се спротиставува на ваквиот недомаќински начин на стопанисување со јавното претпријатие затоа што цехот го плаќаме сите ние, особено обичниот човек, работникот, што може јасно да се види преку бројот отужени за долг кон КЈП „Водовод“ граѓани, наспроти милионските ненаплатени и неотужени суми од т.н газди.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КОЧАНИ

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ